7 предмети во домот што можете да ги исчистите со храна
Ореви за гребаници на дрвени површини
Малите гребаници, кои не се многу длабоки, можете да ги средите со орев.
Оревот има природни масла и пигменти, па кога ќе го втриете врз гребаница, може да ја пополни и да ја направи помалку видлива.
Секако, овој трик не функционира ако гребаницата е многу длабока. Исто така, не е препорачливо да го користите на светло дрво бидејќи може да го потемни.
Исполирајте ги чевлите со лушпа од банана
Можете да ги исполирате кожните чевли со лушпа од банана. Благодарение на калиумот, лушпата од банана ќе им даде сјај.
Треба само да ги истриете чевлите со внатрешната страна на лушпата, а потоа да ги пребришете со мека крпа.
Отстранете остатоци од налепници со путер од кикиритки
Ако не можете да ја извадите целата налепница од тегла, тогаш ставете слој путер од кикиритки врз остатоците од налепницата.
Оставете да отстои неколку часа и бидејќи маслата oд путерот ќе го разградат лепилото, потоа многу полесно ќе ги истриете остатоците од налепницата.
Соберете скршено стакло со парче леб
Ако ви се скрши чаша или што било стаклено, најлесно ќе ги соберете ситните остатоци со парче леб.
Саmо притиснете го лебот врз малите остатоци, и тие ќе се залепат на него.
Спирова С. | Црнобело
