Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода

Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и немојте да го чистите со вода. Исто така, немојте да го пребришувате екранот на телевизорот со влажна крпа, туку купете соодветно средство.

predmeti-vo-domot-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chistite-so-voda-01.jpg

Иако водата ни изгледа како универзално средство за чистење (или барем плакнење), некои предмети сепак никогаш не треба да ги чистите со вода.

Причината е едноставна – водата може да ги оштети, и затоа е подобро да користите соодветни средства за нив.

Па, кои предмети во домот никогаш не треба да ги чистите со вода?

Накит

Накитот од сребро и злато слободно можете да го исчистите со вода.

Но, ако не сте сигурни дали е во прашање чисто сребро или злато, или кога е бижутерија, подобро не ризикувајте.

Водата може да предизвика корозија и трајно да го оштети накитот.

predmeti-vo-domot-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chistite-so-voda-02.JPG

Дрвени подови

Дрвените подови, како паркет, се премачкани со заштита. Но, со текот на времето оваа заштита може да се истроши.

Па, ако го чистите дрвениот под со вода, на него можат да останат дамки, а од поголемо количество дури и да се подуе или да се искриви.

За дрвени подови секогаш користете соодветно средство. Ако, пак, го мешате со вода, крпата што ја користите нека биде само влажна, а не мокра.

predmeti-vo-domot-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chistite-so-voda-03.JPG

Кожа

Без разлика дали се чевли, колани, чанти или мебел, штом се направени од кожа, не треба да ги чистите со вода.

Водата може да остави дамки на кожата, а со текот на времето да предизвика и пукнатини.

predmeti-vo-domot-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chistite-so-voda-04.JPG

Дрвен мебел

Исто како дрвениот под, и дрвениот мебел може да се оштети ако го чистите со вода.

Кога го чистите дрвениот мебел, прво отстранете ја прашината со микрофибер крпа, а на крај поминете со политура која чисти и делува како заштита.

predmeti-vo-domot-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chistite-so-voda-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg