Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Предмети од бакар
Ако еднаш-двапати исчистите бакарен предмет со вода, не би требало да се оштети.
Но, ако често го чистите со вода, може да му се оштети горниот слој.
Музички инструмент
Без разлика дали е дрвен или метален музички инструмент, никогаш немојте да го чистите со вода.
Сепак, музичките инструменти се деликатни (и скапи), па и најмалото оштетување може да влијае на звукот.
Ако не сте сигурни како да го исчистите вашиот музички инструмент, можете да побарате соодветно средство во некоја специјализирана продавница.
Електронски уреди
Нормално дека нема да го измиете смартфонот под чешма, но не треба да користите вода ни за да ги пребришете електронските уреди.
Ако ги чистите со влажна крпа, кога-тогаш ќе се оштетат, особено нивните екрани.
Денес во секоја продавница за технологија можете да најдете соодветни средства за чистење кои се релативно евтини.
Кадифе, велур и превртена кожа
Сето ова се материјали кои можат да се оштетат ако ги чистите со вода.
За да ги исчистите, нежно исчеткајте ги, а потоа искористете соодветно средство.
Спирова С. | Црнобело
