Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето)
Користите несоодветна даска за сечење
И даската за сечење има влијание врз ножот.
Најдобро е да користите даска од дрво или пластика бидејќи најмалку го оштетува ножот.
Избегнувајте ги другите материјали бидејќи се премногу тврди и можат да ги истапат, но и да ги поткршат ножевите.
Собирате храна со остриот раб
Ножот брзо ќе отапи ако ја собирате исечената храна со остриот раб.
Ова е мошне корисен трик, но секогаш користете го тапиот раб.
Не ги острите
Користењето тап нож е многу поопасно отколку користењето остар нож.
Кога ножот е тап, треба да искористите повеќе сила, со што се зголемува шансата ножот да ви се лизне и да се пресечете.
Па, не заборавајте да ги острите ножевите кога ќе забележите дека не сечат како претходно.
Не ги користите за соодветни намирници
„Класичниот“ голем нож може да се користи за многу работи – зеленчук, овошје, месо…
Но, важно е да знаете каква им е намената на сите ножеви што ги имате. На пример, големите ножеви со запци се идеални за леб.
Ако не ги користите соодветно, можно е побрзо да ги оштетите, но и да си ја отежнете работата во кујна.
Спирова С. | Црнобело
