8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исчистиле филтерот на машината за сушење облека?

Сите имаме некои навики низ домот на кои не ни им обрнуваме многу внимание.
Некогаш, пак, и прескокнуваме некои домаќински обврски бидејќи сметаме дека не се неопходни.
Сепак, во некои ситуации, овие навики и грешки можат да нè чинат многу пари.
Осум вакви грешки во продолжение:
Ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер
Овој „трик“ можеби ќе ви заштеди неколку секунди, но истовремено може да го оштети и кабелот, и штекерот.
Ако цело време вака ги вадите каблите, по некое време голема е можноста и целосно да го искорнете штекерот од ѕидот.
За ова, секако, ќе треба да барате електричар.
Фрлате влажни марамчиња во тоалетната школка
Влажните марамчиња не се растворливи во вода како тоалетната хартија.
Ако ги фрлате во школката, кога-тогаш бидете сигурни дека ќе затнат некоја цевка.
Со ова можете да си направите голем проблем, но можете да предизвикате и голема штета во цела вертикала ако живеете во зграда.
Местото на марамчињата им е во корпата за отпадоци.
Го преполнувате фрижидерот или го оставате премногу празен
Фрижидерот, заедно со замрзнувачот, функционира најдобро кога е околу две третини полн.
Ако е преполн, воздухот не може да струи и храната нема да се лади рамномерно.
Ако, пак, е многу празен, ќе троши повеќе енергија за да ја разладува внатрешноста.
Доколку немате доволно намирници за да го наполните две третини, тогаш можете да ставите и обични шишиња со вода.
Ја пуштате машината за садови полупразна
Машината за садови троши исто вода и енергија без разлика колку садови има во неа.
Па, за да заштедите, немојте да ја пуштате кога е полупразна.
Ако имате само 2-3 садови за миење, тогаш ви е поисплатливо (и многу побрзо) да ги измиете на рака.