4 чекори за брзо пост-празнично чистење на домот

Кога се работи за чистење и светнување на домот, посебно по долга, непреспиена ноќ, ретко кој сака да посвети многу повеќе од половина час. Но, што ако ви кажеме дека и тоа е возможно?

4-cekori-za-brzo-post-praznicno-citenje-na-domot-01

Решете се од сите непотребни пребришувања, и посветете се исклучиво на темелното чистење. Еве како:

Средете ги расфрланите предмети - 5 минути

За да имате на изглед чист дом, мора пред се да ги распоредите расфрланите предмети и несредената облека.

Во дневната соба неопходна ви е една голема чинија каде ќе ги складирате сите далечински управувачи и ситници кои ќе се најдат на масата.

Голема предност има и функционалниот мебел, како што се табуретките со празна внатрешност, каде може да ги сместите весниците и книгите кои моментално ви се непотребни.

Расфрланата облека доволно е да ја закачите на една закачалка и да ја преместите во спалната соба.

Средете ја кујната - 15 минути

Најпрво наполнете ја машината за перење садови. Ослободете се од валканиот неред за да можете да продолжите понатаму.

Со влажна крпа пребришете ги сите работни површини, а за потврдокорните дамки користете мешавина од топла вода и сода бикарбона или оцет.

4-cekori-za-brzo-post-praznicno-citenje-na-domot-02

Избришете ја прашината по собите - 10 минути

Користете посебна крпа која ја задржува прашината, наместо бришачите со долги рачки кои само ја разлетуваат. Поминете ги полиците, телевизорот, музичките апарати и сите видни површини.

Масата и дрвените површини на брзина исполирајте ги со средство за дрво. Покривачите истресете ги, доколку сте заборавиле да го направите тоа уште рано наутро.

Исчистете ги подовите - 10 минути

Најпрво соберете ги крупните остатоци со метла или со правосмукалка. Потоа преминете на потемелно чистење.

Во млака топла вода додадете малку средство за чистење на дрвени подови или плочки, а потоа крпата и џогерот добро натопете ги. Со крпата најпрво исчистете ги тврдокорните дамки, а на крајот поминете ја целата куќа со влажен џогер.

За крај, оставете се да се исуши и распрскајте освежувач за просторот!

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...

Најчитани неделава