Трик: Како се чисти флека од црвено вино?

Многумина тврдат дека најдобро е флеката од црвено вино да ја полиете со бело, но тоа не е соодветното решение затоа што на крајот ќе добиете нешто посветло розова дамка.

trik-kako-se-cisti-fleka-od-crveno-vino-01.jpg

Еве што навистина треба да правите откако ќе ви се истури црвено вино.

Свежи флеки

Кога некаде ќе истурите црвено вино, најдобрата опција која може да ја направите е на местото да ставите кујнска сол која ќе ја апсорбира течноста. Ова решение важи ако флеката се наоѓа на гардероба, прекривач, завеса, мебел и други меки предмети. Исто така, ако парчето ткаенина на која истуривте црвено вино е од памук, доволно е да го оставите да отстои во топла вода, а потоа да исперете како и вообичаено.

Стари флеки

Отстранувањето на стари флеки е малку поголем предизвик. Најдобро е флеката прво да ја натопите со топла вода, а потоа да ставите било каков препарат кој содржи течен кислород. Течниот кислород се наоѓа во многу средства за чистење, тоници за лице и креми. Искористете било кој од овие производи и оставете го да отстои 2-10 часа, а потоа исперете со топла вода.

Зошто да не ги измивате флеките со бело вино?

Сигурно неколку пати до сега сте го слушнале овој „трик“ за чистење со бело вино, но ништо од тоа не е вистина. Флеката од белото вино секако ќе осветли, но бојата од овошниот сок никогаш нема целосно да се отстрани. Што значи, тоа не е решение.

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава