Зимско чистење на тепихот: 3 природни средства против дамки

Отстранувањето на дамките од тепихот во текот на зимата можеби ви се чини комплицирано, но може да го направите само во 3 чекори со помош на 3 природни средства.

zimsko-cistenje-na-tepihot-3-sredstva-protiv-damki-01

Пред да се подготвите за темелно чистење на тепихот потребно треба целиот тепих да го поминете со правосмукалка.

Трите најголеми проблеми на тепихот се: прашината залепена на тешихот, дамките и непријатниот мирис. Следниот чекор по чекор со помош на природните средства може да го доведете тепихот во ред.

1. Средство за длабинско чистење на тепихот

  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 10 капки етерично масло од кедар 
  • 10 капки етерично масло од лимета

Сите состојки ставете ги во пластичен сад и оставете ги да отстојат еден ден. Потоа истурете ја мешавината на целата површина  од тепихот, напрскајте го местото со чиста вода и со четка за чистење убаво истријте го тепихот и повторно поминете го со правосмукалка.

2. Средство за отстранување дамки

  • 30 ml јаболков оцет
  • 70 ml сок од лимон
  • ½ l вода
  • 1 лажица сода бикарбона
  • Неколку капки етерично масло од лаванда

Сите состојки ставете ги во еден сад и добро измешајте ги, па во нив намокрете ја четката за перење на тепихот и добро истријте ја површината на она место каде што е дамката.

Со оглед на тоа дека во мешавината има природни состојки кои не создаваат пена, тепихот не е потребно да го исперете туку само да го оставите да се исуши и уште еднаш да го поминете со правосмукалка.

3. Средство за отстранување на непријатните мириси од тепихот

  • 2 лажици природен течен сапун
  • 40 ml алкохолен оцет
  • ½ l топла вода
  • 1 лажичка боракс
  • 6 капки етерично масло од лимон
  • 3 капки етерично масло од чајно дрво

Сите состојки ставете ги во стаклен сад и добро измешајте ги. На крајот претурете го во шише и додајте ја водата. Затворете го шишето со прскалка и протресете го убаво па напрскајте ја целата површина на тепихот.

Оставете да отстои 20-ина минути па поминете го со правосмукалка.

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...

Најчитани неделава