Како да го исчистите ламинатот?

Многу домови се опремени со ламинат, а ако за време на празниците секојдневно бевте со гости, сигурно сте во потрага по ефикасен начин за вашиот под повторно да блесне.

kako-da-gi-iscistite-laminatot-1-

Ламинатот е потребно да се одржува сув, а постојат работи на кои мора да обрнете внимание при неговото чистење и заштитување од гребаници:

Редовно чистење

Редовно бришете го ламинатот со сува крпа, за да ја отстраните секојдневната прашина, па потоа нема да морате да користите разни хемикалии или средства за чистење.

Не ги употребувајте стандардните четки

Крутите четки со јаки влакна можат да го оштетат вашиот под. Затоа одете на сигурно и користете сува крпа за прашина или мека четка.

Внимавајте со истурените течности

Ако се случи да ви се истури некоја течност, не дозволувајте подот да биде влажен, туку веднаш поминете го со сува крпа. Ако течноста остане подолг временски период, може да го обои ламинатот и да го оштети заштитниот слој.

Чистење со топла вода

Еднаш месечно поминете го подот со топла вода или штом ќе забележите дека подрачјето е валкано. Ако правевте забава за време на празниците, тогаш задолжително поминете го ламинатот со овој вид на чистење.

Користете алкохол или ацетон

За потешките дамки како мастило, лак за нокти, црвено вино направете си сами средство со тоа што ќе измешате алкохол со вода. Другата опција ви е да ги поминете дамките со тоа што ќе нанесете ацетон на чиста бела ткаенина и ќе ја поминете површината.

Исчистете со бебешки шампон

Наместо да користите разни средства, пробајте со бебешки шампон. Овој шампон е нежен и слободно користете го за да го блеснете ламинатот. Мешајте го шампонот со вода сѐ додека не добиете меурчиња, а потоа натопете еден сунѓер или крпа, но внимавајте подот да остане благо влажен. 

Би можело да ве интересира:

Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...
Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е ...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg