При чистење на прозорите ќе ви помогнат оцетот, алкохолот, но и пченкарното брашно

Одржувањето на чисти прозори претставува макотрпна работа за секоја домаќинка, а работата не ја олеснуваат крпите и средствата за бришење на прозорите.

pri-cistenje-na-prozorite-kje-vi-pomognat-ocetot-alkoholot-no-i-pcenkarnoto-brashno-01.jpg

За среќа, постојат работи кои можат да ви помогнат.


1. Весници, вода, оцет и течен сапун

Во сад ставете две шолји вода, ¼ шолја оцет, ½ шолја течен сапун. Во смесата потопете ги весниците и започнете да ги чистите прозорите со кружни движења, а потоа наизменично со хоризонтални и вертикални движења.


2. Амонијак, алкохол и средство за миење садови

Помешајте две лажици амонијак со ½ шолја медицински алкохол и лажичка средство за миење на садови. Оваа течност ставете ја во прскалка со која ќе ги испрскате стаклата и ќе ги бришете.


3. Оцет, алкохол, пченкарно брашно и етерично масло

Комбинирајте ¼ шолја оцет, ¼ шолја медицински алкохол, 1 лажица пченкарно брашно, 2 шолји вода и 8 капки етерично масло. Течноста ставете ја во прскалка со која ќе ги бришете прозорите.

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...

Најчитани неделава