5 супер трикови како полесно да ја исчистите прашината во домот

Бришењето на прашината претставува вистински проблем посебно кога ги немате вистинските „алатки“. Крпата која најчесто ја користите или предизвикува само разлетување или ако се одлучите да ја потопите во вода, тогаш целата прашина останува на стаклените површини.

5-super-trikovi-kako-polesno-da-ja-iscistite-prashinata-vo-domot-01.jpg

За среќа, постојат неколку трикови со кои полесно ќе ја отстраните прашината од домот:


1. Влажни марамчиња

Лаптопот можете наједноставно да го исчистите со употреба на влажни марамчиња. Протресете го од можни отпадоци меѓу копчињата и избришете го со влажните марамчиња. Внимавајте да не биде приклучен.


2. Омекнувач

Направете смеса од ¼ омекнувач и ¾ вода. Со оваа течност полесно ќе можете да ги бришете стаклените површини и останатите површини каде најмногу се собира прашината. Потоа уште еднаш поминете ги површините со сува крпа.


3. Меки четки за боење

Употребете ги малите меки четки за бришење и чистење на тешко достапните површини како и за ситниците.


4. Хулахопки

Употребете ги старите хулахопки за собирање на поголемите парчиња прашина кои се собираат под кујната и мебелот. Заврзете ги на обичен стап и со нив собирајте ги парчињата прашина под фрижидерот.


5. Стари чорапи

Слободно ставете некој стар чорап на вашата рака и избришете ги ролетните.

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Осум трикови како да ја намалите прашината во домот Затворајте ги прозорците и вратите, редовно менувајте ја постелнината и чешлајте...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава