Чисто како во луксузен хотел: Трикови за чистење со кои домот ќе ви заблеска

Кога е во прашање чистењето на домот во најбрз можен рок, тоа предизвик за кој чистачките во хотелите се вистински мајстори, па можете да ги употребите нивните трикови за брзо и едноставно чистење на домот.

cisto-kako-vo-luksuzen-hotel-trikovi-za-cistenje-so-koi-domot-kje-vi-zableska-01.png

Како домот набрзина да заблеска како хотелска соба?

Вшмукување

Прва соба која треба да ја проминете со правосмукалката е спалната соба, па потоа сè останато. Ако сакате тепихот да има волумен, треба да го всисувате со спротивна насока од положбата на влакната.


Тоалет

Чистењето на тоалетот се остава за крај. Главна причина за тоа е што на тој начин го спречувате преносот на бактерии од тоалетот во другите соби.


Употреба на хемикалии

За одредени производи да бидат делотворни, откако ќе ги нанесете на одредена површина, треба да ги оставите да делуваат неколку минути.


Моќта на четката за заби

Оваа алатка е основно оружје. Поради својата големина може да ви помогне да ги исчистите тешко достапните места.


Мувла во тоалетот

За да се решите од оваа непријатност, не ви се потребни скапи препарати - сè што ви е потребно е да помешате лимонов сок со прашок за печиво. Добиената паста нанесете ја на местата кои се зафатени со мувла, оставете ја да отстои два часа и потоа исчистете ја со млака вода.


Остатоци на чашите

Употребата на разни препарати и хемикалии за чистење на стаклените чаши се штетни за вашето здравје. За да имате блескаво чисти стаклени површини треба да ги исчистите со помош на вода и оцет поделени на ¾ вода и ¼ оцет.


Апарати од челик

Фрижидерот, рената и аспираторот често можат да бидат со отпечатоци кои многу тешко се отстрануваат. Затоа потребно е со салвета и малку масло да ги поминете овие површини.

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...

Најчитани неделава