9 грешки кои ги правите при перењето и си ја уништувате облеката

За да си ги сочувате саканите панталони, фустани и кошули, прво мора да ги одржувате правилно.

9-greski-koi-gi-pravite-pri-perenjeto-i-si-ja-unistuvate-oblekata-1.jpg

Колку години наназад и да полните машина за перење, сигурно ќе најдете една грешка која упорно ја правите затоа што никој не ви кажал дека и штети на облеката.

Што треба да поправите за омилените парчиња да бидат секогаш како нови?

1. Соодветно сортирање

Покрај бојата, мора да внимавате и на материјалот. Волнената облека не се меша со останатата, а синтетиката никогаш не оди заедно со пешкирите.

9-greski-koi-gi-pravite-pri-perenjeto-i-si-ja-unistuvate-oblekata-4.jpg

2. Количина на прашок

Премногу прашок - премногу пена, која може да не се исплакне целосно и да остане на специфични места, како на пример околу јаката на кошулите. На тој начин бактериите остануваат на едно место и концептот за перење и чистење на облеката сосема ја губи целта.

3. Закопчување

Патентите на облеката секогаш треба да се закопчани, додека кошулите би требало да ги откопчате.

9-greski-koi-gi-pravite-pri-perenjeto-i-si-ja-unistuvate-oblekata-2.jpg

4. Избелувач

Ако користите премногу избелувач, ткаенината со тек на време ослабува. Добра алтернатива се неколку капки лимон.

5. Перење на костимите за капење

Костимите за капење и другите парчиња облека со голем процент на еластин треба да ги перете рачно, во ладна вода, никогаш во машина со останатата облека.

9-greski-koi-gi-pravite-pri-perenjeto-i-si-ja-unistuvate-oblekata-3.jpg

6. Несоодветно полнење на машината

Најтешката работа откако ќе ја извадите облеката од машина - да ги најдете двете чорапи, а не само едната. Следен пат кога ќе ја полните машината, прво ставете ги чорапите, па потоа останатата облека.

7. Омекнувач и крпи

Омекнувачите ја намалуваат апсорпцијата на течности на материјалот, па затоа подобро е да не го користите кога перете пешкири и крпи.

8. Откажете се од скапите хемикалии

Солта ја враќа белината на облеката, додека кредата помага да се ослободите од масните дамки и дамките од треба. Сапунот избелува и отстранува полесни дамки. Лимонот може да се додаде за омекнување и поубав мирис на облеката.

9-greski-koi-gi-pravite-pri-perenjeto-i-si-ja-unistuvate-oblekata-5.jpg

9. Несоодветна нега на машината

Неколку пати во годината пуштете ја машината да испере празна, со мешавина од вода и бел оцет. Се додека таа е како нова, и облеката ќе ви остане сочувана.

9-greski-koi-gi-pravite-pri-perenjeto-i-si-ja-unistuvate-oblekata-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...

Најчитани неделава