Трикови кои не чинат ни денар: Како да го светнете домот со остатоците од храна?
Чистењето на домот сигурно не ви е омилената обврска, но постојат начини и трикови како да си ја олесните.

Еден од можните, кој нема да ве чини ни денар плус, е да чистите со храната која ви останала.
Следен пат кога ќе пресечете лимон, а нема да го искористите цел или ќе ви остане малку кечап, а рокот му е при крај, сетете се дека токму тоа може да биде совршено средство за домот да светне.
1. Соберете го скршеното стакло со парче леб.

2. Исчистете ги фотографиите или сликите со маслени бои со парче леб.

3. Исполирајте го среброто со скапана банана.

4. Исполирајте ги листовите на растенијата со кората од бананата.

5. Исчистете го кожниот мебел исто така со кората од бананата.

6. Истата може да послужи и за полирање на кожните чевли.

7. Отстранете ги гребаниците од дрвениот мебел со помош на ореви.

8. Бигорот најлесно се чисти со лимон.

9. Нечистотиите во мијалникот исто така лесно се чистат со парчиња лимон.

10. Даската за сечење дезинфицирајте ја со лимон и малку сол.

11. Отстранете ја мастиката залепена за облеката со помош на путер од кикирики.

12. Искористете го путерот од кикирики за да се ослободите од налепниците.

13. Исполирајте ги тенџерињата со кечап.

14. Стаклените садови многу поубаво се чистат ако ставите малку ориз во низ, па потоа со вода и сапуница.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Непријатни мириси, чистење: За што сè можете да користите лимони во домот?
Можете да ја „светнете“ туш кабината со парче лимон и сол, а можете да си направ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите
Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...