12 работи кои можете да ги исчистите со помош на паста за заби
Покрај тоа што пастата за заби ги одржува нашите заби здрави и бели, таа може да се применува и за многу други работи.

На пример, за овие 12 работи.
1. Среброто може повторно да сјае и блеска со помош на паста.

2. Со паста за заби можете и целосно да ги исчистите фаровите на автомобилот.

3. Типките на пијаното исто така може да се чистат со помош на паста.

4. И старките, исто така, можете да ги избелите со помош на паста за заби.

5. Ако ги намачкате очилата за пливање со малку паста, а потоа ги измиете, тогаш нема да ви се замаглуваат.

6. Со помош на паста, можете да се ослободите од гребаниците на дрво.

7. Пастата за заби исто така, е одлична и за отстранување на разни дамки од облека, како кармин на кошули, сос од шпагети на чаршафи. Најдобро е да користите бела паста за заби.

8. Старите чешми можете повторно да ги направите сјајни ако ги покриете со малку паста за заби, а потоа ги истриете со крпа и вода. Ова функционира на секоја хромирана површина.

9. Исто така, можете да го исчистите и металниот дел на пеглата за облека.

10. И дисплејот на вашиот смартфон.

11. Пастата за заби може и да ги исчисти вашите нокти од лак.

12. Одредени мириси како на риба, кромид и лук тешко можете да ги отстраните само со миење на рацете, но ако истите ги измиете со малку паста, помалку ќе мирисаат.

Н. Г. | Црнобело