11 трикови кои ќе ви се најдат во секоја ситуација

Кога може работите да бидат едноставни, зошто да ги усложнуваме?

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-1.jpg

Овие 11 трикови ќе ви се најдат во секоја ситуација од животот, кога никој не може да ви понуди соодветно решение.

Како побрзо да ја исушите облеката, како да ги направите чевлите водоотпорни и уште неколку трикови кои го олеснуваат животот:

1. Водоотпорни чевли

Обичните платнени чевли премачкајте ги со восок и исушете ги со фен додека восокот не се стопи.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-2.jpg

2. Побрзо сушење на облеката

Ако немате време да чекате облеката природно да се исуши или немате машина за сушење, направете го следното. Ставете го парчето облека во сува крпа. Замотајте ролна така што облеката ќе биде од внатрешната страна. Кренете, исцедете најсилно што можете и потоа закачете ја облеката на закачалка во близина на грејно тело.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-3.jpg

3. Тесни чевли

Ако новите чевли ви се премногу тесни, раширете ги така што ќе ги наполните со мокри весници, колку повеќе можете. Оставете да се исушат, па отстранете ги.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-4.jpg

4. Како да запалите оган за секунда

Наместо весник, ставете неколку парчиња чипс. Маслото и маснотиите во него се идеални за палење оган.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-5.jpg

5. Наоѓање на ситни делчиња

Ако сте изгубиле нешто ситно низ дома и не можете да го најдете, на пример игла, послужете се со овој трик. Ставете хулахопка на правосмукалката и со неа барајте го ситното делче.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-6.jpg

6. Шише со кое ќе пиете доволно вода

Ова е идеален начин како да останете хидрирани. Доброто е што секое пластично шише може да го означите на овој начин.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-7.jpg

7. Отпушување на одводи

Пуштете жешка вода 1 минута, а потоа истурете 1 шолја сода бикарбона во одводот. Потоа додадете 1 шолја оцет. Оставете ја водата да тече уште некоја минута.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-8.jpg

8. Непријатен мирис на телото

Ако ви се потроши дезодорансот или едноставно заборавивте да ставите, а не сакате да мирисате непријатно, пресечете половина лимон или портокал и истријте ги на кожата. Непријатниот мирис ќе исчезне.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-9.jpg

9. Како мразот подолго да издржи

Ако ви требаат ладни пијалаци цела ноќ, мразот ќе остане подолго замрзнат ако во него ставите неколку зрна сол.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-10.jpg

10. Свеж здив

Ако немате мастика при рака, секогаш добра алтернатива се јаболката.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-11.jpg

11. Лесно отворање на теглите

Ставете ја теглата под жешка вода неколку минути, пребришете ја и потоа обидете се да ја отворите. Нема да се мачите долго.

11-trikovi-koi-ke-vi-se-najdat-vo-sekoja-situacija-12.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...

Најчитани неделава