Што никогаш не треба да миете во машина за садови?

Машините за садови се одличен изум кој значително го олеснува животот во еден дом.

sto-ne-treba-nikogas-da-miete-vo-masina-za-sadovi-001.jpg

Иако е најлесно сè што е нечисто да ставите во машината за садови, на долг рок многу од тие предмети целосно би се уништиле од таквата постапка.

Постојат одредени предмети од домаќинството кои колку и да ви е тешко и заморно, морате да ги измиете рачно, секако, доколку сакате да ги имате подолго.

Ова се нештата кои во никој случај не треба да ги миете во машина за садови:

1. Дрвени лажици - топлата вода и топлината имаат разурнувачко дејство врз нив и можат да ги оштетат, така што веќе нема да ви бидат корисни.

2. Дрвени даски за сечење - обично се изработени со лепење, па штом се изложат на вода и повисоки температури, големи се шансите да се распаднат.

3. Преси за лук - машината за миење садови едноставно не може темелно да ги измие ваквите предмети.

4. Преносни чаши за кафе/чај - на многу од нив пишува дали може или не може да се мијат во машина за садови. Миењето во машина, всушност може да ја уништи изолацијата, заради која таа чаша и ви користи.

5. Железни тави - за да можете што подолго да ги користите, потребно е да ги премачкувате со слој масло. Ако немаат големи масни наслаги, доволно е да ги измиете само со топла вода, додека миењето во машина за садови ќе го уништи целиот процес на подмачкување

6. Ренде - ако имате остатоци во внатрешноста, ставајќи го во машината за садови нема да постигнете ништо. Затоа најдобро измијте го со топла вода и детергент за миење садови.

7. Добри и остри ножеви - топлата вода може да ги отапи, а таблетите за миење се премногу абразивни за нивните сечила.

8. Кристални предмети - машина за миење садови може да го оштети кристалот, може да предизвика негово напукнување поради контактот со другите садови или да доведе до негово побелување.

9. Алуминиумски садови - миењето во машина, може да доведе до промена на нивната боја.

10. Стари чинии - квалитетниот стар порцелан и керамика веројатно не треба да се мијат во машина за перење, но тешко е да се провери. Ако сакате да ги зачувате, подобро е да не ризикувате.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава