Користете помалку пластика и хемикалии: Совети за поеколошки, штедлив дом

Заштедете пари, време и направете си го животот покомфорен. Ако размислувате за подобрување на начинот на живот, подобра и поеколошка средина за живеење и повеќе зеленило, започнете од својот дом.

Lesni-soveti-za-odrzhuvanje-na-ekologijata-vo-domot-1_copy.jpg

Доколку сите се однесуваме посовесно кон природата, ќе имаме многу голем бенефит од неа. За жал, не сме доволно едуцирани и имаме лоши навики. Мислиме дека привилегијата да имаме чиста земја, воздух и вода ни се загарантирани, но сигурно не е така и треба да почнеме да водиме сметка за клучните работи кои значат живот.

Ако се прашувате од каде да ја почнете промената и кои се работите кои треба да ги преземете за да ја подобрите средината во која секојдневно сте опкружени, нудиме некои лесни совети кои ќе Ви помогнат да го постигнете тоа:

Селектирајте и рециклирајте

Lesni-soveti-za-odrzhuvanje-na-ekologijata-vo-domot-2.jpg

Тоа е најмалку што може да направите за добро на сите. Наместо да го фрлите ѓубрето низ прозорецот на автомобилот, фрлете го во соодветни канти за рециклирање на отпад за пластика, хартија, стакло и сл.

Користете помалку пластика

Lesni-soveti-za-odrzhuvanje-na-ekologijata-vo-domot-3.jpg

Наместо секој ден да купувате ново шише со вода, купете си шише што може едноставно да го надополнувате секој ден кога имате потреба. Исто така чувајте ги пластичните ќеси за следното одење во маркет.

Правете компост

Lesni-soveti-za-odrzhuvanje-na-ekologijata-vo-domot-4.jpg

Ако имате двор во кој одгледувате растенија, од собраните остатоци од овошје, зеленчук, лушпи од јајца, неживи растенија и др., може да направите свој компост. Исто така не мора да ги собирате и фрлате паднатите лисја од дрвата во дворот, бидејќи и нив може да ги ставите во компостот и да послужат за подобра плодност на земјата.

Исфрлете ги хемикалиите од домот

Lesni-soveti-za-odrzhuvanje-na-ekologijata-vo-domot-5.jpg

Отпадот од хемикалиите што се користат при чистење, најчесто завршуваат во вода. Не го следите нивниот пат, но секако тие мора да отидат некаде во природата и да ја загадат. Затоа заменете ги средствата со хемикалии, со онакви што содржат природни состојки и го имаат истиот ефект во однос на хигиената.

Штедете електрична енергија

Lesni-soveti-za-odrzhuvanje-na-ekologijata-vo-domot-6.png

Не ги оставајте електричните апарати вклучени кога не сте дома или кога спиете. Поставете соларни панели кои ќе Ви овозможат да ја искористувате енергијата од сонцето и користете алтернативни извори на енергија. Ова е инвестиција која се повеќе се исплати и треба што повеќе да се применува како начин за снабдување на домот со топлинска енергија за повеќе уреди кои работат на електрична енергија.

Е. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава