Работи за домот кои ги купуваме помали отколку што треба

Димензиите на различните парчиња мебел и декорации, но и нивниот меѓусебен сооднос, се многу поважни за конечниот впечаток од што сте мислеле.

3-raboti-za-domot-koi-gi-kupuvame-pomali-od-shto-treba-1.jpg

Мошне често, поголемите парчиња мебел и украси за домот доаѓаат и со поголема цена, но сепак, тие се неспоредливо подобар избор во повеќето случаи.

Независно од цената, постојат три работи за домот кои речиси секогаш ги бираме многу помали од потребното - дали за заштеда, поради страв од грешка, или, пак, едноставно е во прашање погрешна проценка на големината на остатокот од мебелот.

1. Килим

Малиот килим , или килимот со недоволна големина (зависно од просторот), ќе делува по малку тажно и нема да ѝ ласка на собата која сте имале намера да ја украсите со него. Без оглед на тоа дали станува збор за дневниот престој или било која друга просторија во домот, килимот не би требало да биде елемент на кој ќе штедите. Во крајна линија, квалитетниот килим и онака подолго ќе потрае и понатаму ќе изгледа убаво, па уште повеќе ви се исплати да издвоите некој денар повеќе и да го одберете вистинскиот.

raboti-za-domot-koi-gi-kupuvame-pomali-otkolku-shto-treba-1.jpg

2. Слики

Иако групирањето на неколку помали слики или фотографии е добра идеја, а може да делува и мошне впечатливо и интересно, во реалноста, најчесто се одлучуваме да закачиме само една или две слики, што на празниот ѕид и не остава баш импресивен впечаток. Наместо тоа, одберете една навистина голема слика, или масло на платно, која за миг ќе ја трансформира просторијата и ќе ја направи поатрактивна.

3-raboti-za-domot-koi-gi-kupuvame-pomali-od-shto-treba-3.jpg

3. Лустери

Во одредени ситуации и простори, малите и неприметни светилки се најдобар избор, но во повеќето случаи не е така, особено кога се работи за дневниот престој, трпезаријата или спалната соба. Во овие простории атмосферата е од исклучителна важност, а маркатниот и доволно голем висечки лустер е одличен начин, не само да создадете амбиентално чувство, туку и стилски да ја заокружите просторијата.  

3-raboti-za-domot-koi-gi-kupuvame-pomali-od-shto-treba-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
10 практични работи за во кујна до 300 денари што ги порачав од AliExpress Дури и да не сакате да готвите, сите поминуваме време во кујната, но некои алатк...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg