5 работи во домот кои веднаш треба да ги фрлите

 Иако работите сакаме да траат вечно, некои од нив стануваат многу штетни по нашето здравје ако ги користиме подолго отколку што треба.

5-raboti-koi-vednas-treba-da-gi-isfrlite-od-vasiot-dom-001.jpg

Еве кои работи треба веднаш да ги исфрлите од употреба за да го зачувате здравјето во вашиот дом:

1. Стари износени градници

Иако навидум се меки и безопасни, кога ја губат својата форма, градниците се навистина лоши за вашето здравје. Ја губат својата еластичност и влијаат врз вашето држење на телото. Жените со поголеми гради можат да почувствуваат и големи болки во грбот и рамењата.

2. Заштитен фактор за сонце со истечен рок

Во најголем број случаи, нема да можете да го користите заштитниот фактор од минатото лето. Нема да ви наштети на кожата, но едноставно кога ќе му помине рокот му поминува и дејството на заштита.

3. Четка за заби постара од 3 месеци

Четката за заби ви е пријател само 3 месеци - после тој период има обратно дејство од она за кое ни е потребна. Полна е со бактерии и може да ви донесе само несакани болести.

4. Кујнски сунѓерчиња

Старите кујнски сунѓерчиња содржат повеќе бактерии отколку јавен тоалет. Бактериите кои преку сунѓерчето можат да влезат во вашето тело се сериозни, а со негово користење во кујната, истите можете да ги пренесете насекаде.

Никогаш не ги користете сунѓерчињата подолго од еден месец.

5. Сунѓер за нанесување шминка

После секое нанесување на шминка со сунѓерче, треба да го измиете со топла вода и сапун. Оставете го да се исуши, пред да го користите следен пат. Така ќе го намалите ризикот од инфекции на кожата и несакани акни.

Идеално е да го заменувате сунѓерчето секој месец, но ако е поскапо и поквалитетно, може да ви стои и до 3 месеци. Ако почувствувате дека изглегува лош мирис од истото, фрлете го веднаш.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава