Како да го решите проблемот со чиста облека од машина која мириса лошо?

Сите го обожаваме мирисот на свежо испрана облека. Оној првичен момент кога е мека и мириса неверојатно чисто и парфимирано се случува токму спротивното – чистата облека од машина излегува со лош, непријатен мирис.

Kako-da-go-reshite-problemot-so-cisti-alista-od-mashina-koi-mirisaat-loso-01.jpg

Зошто се случува ова? Препознајте ги причините кои стојат позади оваа непријатна ситуација и решете го проблемот со облеката која мириса непријатно по перењето:

Не ја чистите машината за алишта

Малку е чудно дека треба да чистите апарат кој и самиот е наменет за миење/перење и користи сапун и вода, нели? Но, вистината е дека како и машината за садови, така и онаа за облека, треба да се чистат повремено.

Поради влажноста во самите апарати, влагата се задржува подолго и истата има тенденција да резултира со мувлосан мирис.

Купете специјално средство за чистење на машината за алишта и држете се стриктно до упатството за употреба. Второто решение е да ставите сода бикарбона или бел алкохол оцет во преградата за прашок или течен детергент.

Тие ќе помогнат да се уништат сите насобрани бактерии, ќе ја убијат непријатната миризба и воедно ќе ја заштитат машината од бигор и ‘рѓосување.

Ставате премногу облека во машината

Со добра причина секоја машина има одреден капацитет на полнење со облека. Вие сепак не треба да го користите до максимум. Вие можеби мислите дека со полнење на барабанот до максимум заштедувате, но вистината е дека кога машината е преполна облеката нема доволно простор и не се пере толку добро како кога машината би била попразна.

Со цел облеката да биде чиста и мирисна, подобро е да ја преполовите и да ја исперете на 2 пати. Никогаш не ја преполнувајте машината.

Користите премногу прашок или течен детергент

Без разлика што и да перете – црна, бела или облека во боја, доколку одлучите да ставите повеќе прашок или детергент од потребното, тоа не ветува дека ќе биде супер чиста и мирислива.

Всушност, прекумерната употреба на прашок и детергент создава дополнителен слој сапуница околу облеката која задржува нечистотија и бактерии, а настанува проблем кога истата не е добро исплакнета со вода.

Не ја надминувајте препорачаната доза на средствата за перење.

Перете на погрешна програма

Правилото (особено за белата облека) е дека температурата на водата треба да е особено висока, односно жешка. Нормално, некои ткаенини и бои се полувствителни, но кога облеката го дозволува тоа перете ја на повисока температура, бидејќи нормално, полесно се уништуваат бактериите, нечистотијата и непријатниот мирис.

Не употребувате „дезодоранс“ за облека

Ги сакаме омекнувачите за облека и сите имаме свој фаворит. Тие ја прават облеката мека и ја додаваат таа пријатна арома која ја обожаваме. Но, понекогаш наместо да ја неутрализираат лошата миризба тие само привидно ја покриваат.

Затоа треба одвреме-навреме да се користи т.н. „дезодоранс“ за облека, односно бел оцет. Тој одлично ја неутрализира лошата миризба на облеката, а воедно ги чува и боите на облеката и ги заштитува од избледување.

Ја оставате облеката во машината предолго

Ве мрзи да ги извадите чистите алишта од машината или едноставно сте заборавиле да ја испразните. Сепак, огромна грешка. Не очекувајте чистата облека да мириса убаво и свежо кога долго време седи во темно и влажно место.

Најдоброто решение во овој случај е да ја пуштите уште еднаш машината на плакнење или куса програма од 15 минути за освежување со омекнувач, за барем малку да се неутрализира мувлосаниот мирис.

Мешате сува и мокра облека

Ви се случило во последен момент да фрлите мокра маица или шорцеви во машината полна сува нечиста облека? Сувите алишта веднаш го примаат мирисот од мокрите и тука настанува проблемот. Најдобро е испотените мокри алишта да се перат одделно од сувите.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава