Колку често треба да ги чистите разните предмети и мебелот во домот?
-->
Дали често пати ви се случува да го поминете целиот викенд чистејќи по дома и обидувајќи се да го направите вашиот дом беспрекорно чист, а веќе следниот ден изгледа како воопшто да не сте чистеле ништо?
Го имаме вистинскиот одговор зошто се случува ова. Некои делови и мебелот во домот не мора да се чистат премногу често, па затоа одморете ги малку крпите и сунѓерите.
-->
Сѐ што треба да направите е да смислите распоред на чистење којшто ќе ви помогне да бидете поорганизирани, а домот ќе ви биде секогаш чист.
Еве што треба да правите:
Секој ден
- Со цел да ги избегнете избегнете тврдокорните дамки во лавабото, запомнете секогаш по употребата темелно да го избришете за да нема капки од вода на него.
- Плочките во бањата: Користете бришач за прозорци (како оние за шофершајбна) за да спречите појава на мувла, особено помеѓу фугите.
- Садови: Никогаш не ги оставајте нечистите садови да отстојат во текот на ноѓта и не ги оставајте да киснат премногу долго. Нечистата вода е одлична за развој на бактерии.
- Трпезариските маси и работните површини во кујната треба да се чистат со влажна крпа за да се отстранат остатоците од храната.
- Облека: Не чекајте за да се наполни цела машина за перење. Перете ја облеката секој ден за да не им дозволите на бактериите да се размножуваат на нечистите парчиња кои стојат подолго време во корпата.
Еднаш неделно
- Чаршафите треба да се перат одвоено од алиштата и на висока температура, согласно типот на ткаенината.
- Најпрво поминете го подот со правосмукалка, а потоа исчистете го со влажна крпа. Важно е да го чистите подот најмалку 3 пати неделно ако имате мали деца или домашни миленици.
- Плакарите во бањата и полиците треба да се чистат со раствор за дезинфицирање, а четките за заби треба да стојат во затворени кутии.
- Мебел: Користете микрофибер крпи за да го исчистите вашиот мебел (тие нема да остават гребнатинки на мебелот).
- Отстранете го масните дамки од кујнските апарати со помош на течност за миење садови и топла вода.
- Кога ги чистите славините во кујната, бањата и тоалетот, не користете производи коишто содржат хлор или силни киселини.
-->
-->
Еднаш месечно
- За чистење на микробрановите печки користете сода бикарбона. Тоа е најдобриот производ за чистење на внатрешната облога на микробрановите печки, а истовремено е одлична и за ослободување од непријатните мириси.
- Филтерот на правосмукалката треба да се исчисти секој пат кога го празните и канистерот од прашина.
- Ролетни и отвори за вентилација: Пред да ги исчистите со сапун и вода, најпрво поминете ги со правосмукалка подесена на најслабо всисување.
- Користете прашковци или било какви меки четки за да ги исчистите ѕидните и столните ламби.
-->
Секои 3-6 месеци
- Фрижидерот: Сода бикарбоната е одлична за да го исчистите фрижидерот и да се ослободите од непријатните миризби.
- Перници, ќебиња и душеци: Ако не можете да ги исчистите длабински, барем оставете ги на сонце неколку минути за да се ослободите од паразитите во домашната прашина (дерматофаги).
- Отстранете ја мувлата и црнотијата од вашите завеси за тушот така што ќе ги исперете во машината за перење, а потоа ќе ги исушите на сонце.
- Филтрите на аспираторот: Потопете ги во вода која врие неколку минути, а потоа исчистете ги со средство за садови и исплакнете ги темелно.
- Рерна: Пред да ја исчистите со детергент, загрејте ја рерната околу дваесетина минути за полесно остранување на закоравените маснотии.
Еднаш годишно:
- Теписи и гарнитури за седење: Користете специјални детергенти за да ги отстраните нечистотијата и дамките. Важно е да ги чистите на секои 6 месеци доколку имате домашни миленици.
- Прозорци: Никогаш не бришете ги прозорците на топол сончев ден бидејќи средствата за прозорци испаруваат премногу брзо и ќе остават многу линии. Важно е ако вашите прозорци гледаат кон прометна улица да ги чистите на секои 6 месеци.
- Завеси: Во зависност од видот на материјалот, исперете ги завесите во машина за перење или користете апарат кој работи на водена пареа.
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни)
Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно
Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови?
Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Трикови за чистење бања кои се популарни на ТикТок (и функционираат)
Пената за бричење можете да ја користите за чистење и на огледалото, и на чешмит...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари
Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти
Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...