Совети за чистење од луѓето чиј дом е секогаш среден

Секако дека никој не е среќен кога мора да чисти и да изгуби цел ден во средување на домот.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-01.jpg

Но, оваа непријатна обврска може да се претвори во корисна навика која нема никогаш да ви претставува проблем.

Наместо да поминете цел ден во чистење, и на крај пак да не биде целосно средено, обидете се да практикувате трикови кои ќе ви го олеснат животот.

За сите љубители на чисто, совети од оние чиј дом е секогаш среден:

Користете ја машината за садови целосно

Не секој знае и го практикува ова, но во машината за садови може да миете и други работи. Плафоњерки, чешли, решетки од вентилација, кулинарски четки, четки за шминка, решетка од шпорет или фрижидер, метални и пластични играчки, па дури и вештачко цвеќе.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-02.jpg

Венецијанери

Ако сакате брзо да ги исчистите венецијанерите од прашина, користете чорап како на фотографијата. Ставете ја раката во него и чистете ги лентите од двете страни одеднаш. Овој трик можеби ви е познат, но време е да почнете и да го практикувате.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-03.jpg

Полици од фрижидер

Покријте ги полиците со украсна фолија или хартија како на сликата. Така ќе ви биде многу полесно да исчистите дококлу нешто се истури или едноставно ќе ја замените хартијата.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-04.jpg

Ролер за облека

Ролерите за облека не се само за таа намена – со нив можете да ги чистите и ламбите, мебелот и полиците.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-05.jpg

Држач за ножеви

Оние кои во домот имаат посебен држач каде ги ставаат ножевите, често забораваат дека таму се собира многу прашина и нечистотија која тешко може да се исчисти. Обидете се да го исчистите држачот така што ќе дувате со фен, а тој сам ќе си ја заврши работата.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-06.jpg

Завеси за бања

Доколку не сакате да се појави мувла на нив, перете ги заедно со неколку пешкири во машина за перење и закачете ги да се исушат.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-07.jpg

Чистење на мали места

Понекогаш, дури и најмалата цевка од правосмукалката е преголема за некои делови од домот, како на пример шините од плакарот. Доколку сакате да ги исчистите, ставете картон од тоалет хартија на правосмукалката и свиткајте ја колку што е потребно за да влезе во тенкиот простор.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-08.jpg

Клима за чистење прашина

Пред да почнете да чистите прашина, пуштете ја климата за филтрите да ја соберат прашината која се крева во воздухот. Потоа чистењето и бришењето ќе оди многу полесно.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-09.jpg

Корпи во кујната

Шеќерот, кафето, чајот, солта и останатите слични производи кои секојдневно ги користиме, најдобро е да се чуваат во една корпа која ќе стои на работната маса. Така, ако нешто падне, нема да се истури врз масата, па да продолжи на земја и да создаде неред, туку во корпата која може да ја истресете и вратите.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-10.jpg

Садови за миленичиња

Кога миленичињата јадат, тие најчесто знаат да остават неред и да ги поместат садовите насекаде низ кујната. За да не се случува ова, залепете ги садовите за подот и тие ќе јадат само таму без да може да ја истурат храната по цел дом.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-11.jpg

Цитрон со сол

Исечете цитрон на половина и одозгора посипете крупна сол – одличен трик за чистење на мијалникот.

soveti-za-chistenje-od-lugjeto-chij-dom-e-sekogash-sreden-12.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg