Збогум неред, збогум стрес: Работи кои мора да ги чистите секојдневно

Натрупани сметки во поштенското сандаче и тон документи на бирото дефинитивно се причина за главоболка.

zbogum-stres-zbogum-nered-raboti-koi-morate-da-gi-chistite-sekojdnevno-01.jpg

Во хаотичното секојдневие, преполно со тон работни обврски, градски гужви и нервозни ликови, потребно е сами да се потрудите да го пронајдете својот мир.

Тоа ќе го постигнете на лесен начин преку одржување на ред на работите околу вас.

Паричникот, автомобилот, работното биро, се дел од работите кои мора да ви бидат постојано средени за да бидете во хармонија со себеси.

Еве на што треба да обрнете внимание:

Чанта

На крајот од денот од вашата чанта извадете ги сите непотребни ливчиња, обвивки од храна и други работи на кои местото не им е таму.

За време на денот чантата неретко ни служи како место каде ги складираме отпадоците и потоа ги забораваме таму. Исфрлете го целото ѓубре од неа и создадете си ред.

Паричник

Ако го отворите вашиот паричник сигурно ќе пронајдете најмалку неколку фискални сметки и непотребни визит картички.

Некако фискалните сметки постојано ги собираме за да направиме увид во нашите трошоци и никогаш не го правиме тоа, туку само си го зголемуваме нивото на стрес при секое отворање на паричникот затоа што е преполн и преградите не се затвораат.

Биро

Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, вашата работна површина треба да биде чиста.

На крајот од денот наместете ги документите, соберете ги пенкалата и измијте си ја шолјата од кафе.

Облека

Кога по напорен ден доаѓаме дома со задоволство би ја фрлиле нечистата облека на подот и би легнале на креветот.

Можеби не го правиме тоа, но мора да признаеме дека сите понекогаш имаме навика да натрупаме сè на столицата или на некое друго место кое не е предвидено за тоа.

Нечистата облека ставете ја за перење, а просторот во вашиот дом нека дише слободно.

Автомобил

Потребни се неколку дена за вашиот автомобил да го натрупате со работи и во него да завладее вистински неред.

Празни шишиња, пластични чаши од кафе, непотребна хартија и хаосот е тука. Време е за генералка.

Поштенско сандаче

Иако денес речиси сè доаѓа преку електронски пат, сепак сметките за струја, вода, одредени даноци пристигнуваат во поштенското сандаче на вашата домашна адреса.

Доколку не сакате да задоцните со плаќање, одржувајте го редот во него и проверувајте го секојдневно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава