8 совети како максимално да го загреете вашиот дом

Трошоците за греење во зимските месеци се огромни, а понекогаш повторно завршуваме нестоплени и се тресеме под три ќебиња во домот.

8-pravila-kako-maksimalno-da-go-zagreete-vashiot-dom-01.jpg

Снегот и температурите под нулата се одлични за освежување на воздухот во градот, но не се толку добри за вашиот буџет.

Топлинки, ќебиња, филмче со добар заплет и топол дом се идеална замисла за минување на ноќите периодов, но како најефикасно да го искористите греењето?

Без разлика дали вашиот дом го загревате со централно греење, струја, дрва, пелети или нафта, потребно е да следите некои правила за тополината да остане во него:

Изолирајте ја влезната врата на домот

На влезната врата поставете дрвен праг. Не мора да бушите, само поставете го со помош на лепило.

Ако не можете да ставите праг, барем ставете некоја завеса од тежок материјал пред вратата, која ќе го ублажи влезот на студен воздух при отворање на вратата.

Изолирајте ги стаклата на прозорците, кои не ги отворате

Многу луѓе отвораат само едно крило од еден прозорец, па сигурно постојат прозорци кои можете да ги „жртвувате“.

Преку стаклото неповратно заминува многу топлина, па набавете си плочи стиропор со дебелина од 2 до 3 сантиметри. Исечете го прецизно со скалпел малку повеќе отколку што е ширината на прозорецот за стиропорот цврсто да влезе до стаклото во рамката на прозорецот и да не паѓа.

Ако сакате дополнителна изолација ставете и некоја леплива лента по краевите и пуштете ги ролетните однадвор. Зимава бидете стоплени, па на пролет едноставно тргнете го стиропорот од прозорците.

Се разбира, ова не го правете на сите прозорци за да имате дневна светлина во домот.

Направете „зимски“ распоред на мебелот во домот

Навистина е тешко да се навикнете на нов распоред на мебелот во домот, но во зима за ваше добро мора да го сторите тоа. Тргнете ги креветите од надворешните, студени ѕидови.

Исто така, што е можно по на страна тргнете ги парчињата мебел од грејното тело за да не го блокираат протокот на топлиот зрак.

Радијаторите од парното не смеат да бидат под завеси, а и со сушењето облека на нив или на термо печката практично го прекинувате грееењето.

Ставете теписи во домот

Тепихот го задржува студениот воздух долу и ќе ви овозможи подолго да ја задржите топлината без оглед на тоа дали на подот има плочки, бетон, паркет или ламинат.

Плус, кога ќе се движите низ домот вашите стапала нема да ви мрзнат.

Одржувајте оптимална температура во домот и облекувајте се слоевито

Температурата во домот одржувајте ја на 20 степени. Така ќе заштедите бидејќи секој степен нагоре значи пари плус.

Ова е оптимална температура за во домот, но ако ви е малку студено тогаш облекувајте се слоевито и задолжително носете топлинки или влечки.

Спречете го заминувањето на топлиот воздух низ оџакот

Дури и кога оџакот е затворен одредена количина топол воздух заминува низ него.

Најдобро решение е да купите специјален балон за оџакот во негова големина и да го прекинете протокот на воздух.

Ако случајно го заборавите балонот таму, а некогаш одлучите да го запалите огнот, тогаш штом го запалите балонот автоматски ќе пукне и не постои ризик куќата да ви се наполни со дим.

Внимавајте на ролетните и завесите

Навечер спуштајте ги ролетните и развлекувајте ги завесите за го намалите губењето на топлината дури и до 10%.

Ако има сонце во студените месеци од годината, тргнете ги ролетните и завесите затоа што сончевите зраци ќе ги загреат прозорците и со тоа ќе ја зголемат топлината во домот.

Просториите проветрувајте ги редовно, но не подолго од 10 минути

На овој начин ќе ја сочувате топлината акумулирана во ѕидовите и мебелот и по проветрувањето просторот ќе биде речиси исто топол како и претходно.

Во текот на зимата не е добро да го оставите прозорецот малку отворен за да влегува воздух затоа што на тој начин ги ладите ѕидовите и од кондензацијата може да се појави влага на студените површини.

Најдобро е 2, 3 пати дневно широко да го отворите прозорецот по 2, 3 минути, што е доволно за воздухот да се освежи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg