Како да спречите замрзнување на цевките во домот во зима?

Пукањето на замрзнатите цевки може да ви направи огромна штета во домот, затоа делувајте превентивно.

kako-da-sprechite-smrznuvanje-na-cevkite-vo-domot-vo-zima-01.jpg

Македонија ја зафатија ниски температури, па цевките во домовите ги демне ризик од замрзнување, особено кај луѓето кои живеат во куќи.

Мерки на претпазливост што треба да ги преземете:

- За време на студените денови мора добро да ги изолирате цевките, особено ако се изложени. Со материјалот што ќе го користите, особено добро изолирајте на свиоците и вентилите.

- Важно е да знаете од каде точно доаѓа снабдувањето со вода на вашиот дом за да го исклучите во ноќите кога ќе бидат најавени многу ниски температури.

kako-da-sprechite-smrznuvanje-na-cevkite-vo-domot-vo-zima-05.jpg

- Ова е особено важно ако заминувате на зимски одмор на неколку дена или пак ако имате викендичка, каде во моментот не престојува никој.

- Ако одите на зимски одмор, добро е вашиот дом да биде загреан барем на околу 5 степени над нулата. Но, ако се плашите да оставите какво било грејно тело, што сепак носи свои ризици со себе, некоја блиска личност нека појде во вашиот дом неколку пати во текот на вашето отсуство да види каква е ситуацијата.

kako-da-sprechite-smrznuvanje-na-cevkite-vo-domot-vo-zima-06.jpg

Ако водата замрзне во вашите цевки може да дојде до нивно пукање, поради ширењето на мразот:

- Во тој случај мора да го исклучите снабдувањето со вода на домот.

- Обидете се да ги одмрзнете цевките со дување со фен за коса, шишиња со топла вода потпрени до цевките и обвивање со пешкири потопени во жешка вода.

kako-da-sprechite-smrznuvanje-na-cevkite-vo-domot-vo-zima-04.jpg

- Најдобро е да викнете водоинсталатер пред да настане некој посериозен проблем.

Во случај цевките да пукнат:

- Ако не сте го исклучиле снабдувањето со вода, сторете го веднаш.

kako-da-sprechite-smrznuvanje-na-cevkite-vo-domot-vo-zima-02.jpg

- Отпуштете ги сите славини за да се намали притисокот на вода во цевките, а со тоа и поплавата при одмрзнувањето.

- Со помош на суви крпи соберете ја водата што истекла во домот.

kako-da-sprechite-smrznuvanje-na-cevkite-vo-domot-vo-zima-03.jpg

- И, се разбира, викнете водоинсталатер.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава