12 трикови со кои чевлите секогаш ќе ви изгледаат како нови
Променливото време, дождот, снегот и силното сонце може значително да ги оштети чевлите, посебно ако се изработени од природни материјали.

За среќа, постојат соодветни начини за нивно негување и одржување кои значително го минимизираат оштетувањето и подолго ги сочувуваат како нови.
Искористете некој од следниве трикови, зависно од материјалот и моделот кој го носите секојдневно:
Ако сакате платнените патики да бидат водоотпорни, обложете ги со восок.

Штиклите раширете ги со малку вода ставена во кеси. Кесичките ставете ги во тесните чевли и замрзнете неколку часа.

Светлите патики може да ги исчистите со малку сода бикарбона и хидроген пероксид помешани во вода, триејќи со стара четка за заби.

Гумените делови од патиките најлесно ќе ги исчистите со обична гума за бришење молив.

Старите кожени чевли „подмладете“ ги така што ќе ги испрскате со мешавина од вода и оцет (еднаков сооднос.) Потоа исчистете со четка и исушете.

За да избегнете високите чизми да се превиткаат и да имаат траги по нив, полнете ги со магазини и весници.

Одржете им ја формата на чизмите така што нема да ги нагазувате со други чевли, туку ќе ги поставите на шишиња или тегли. Ова е добар метод за сушење доколку се мокри.

Пастите за полирање може да ги замените со кора од банана.

Изгребаните лакирани чевли најлесно ќе ги исчистите со малку ацетон на памукче.

Како превенција од потење за време на жешките денови, ставете по една дневна влошка во секој чевел.

Доколку ѓонот ви се лизга, добро истругајте го со ситна шмиргла, па потоа нанесете малку силиконски лепак. Добро исушете и нагазете.

Доколку често ги пакувате чевлите, погрижете се да не бидат стуткани. Наместо тоа, секогаш заштитете ги во заштитна капа за глава.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време
Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода
Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната
Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...