Водич за одгледување на најнежниот цвет: Како орхидејата да цвета и во вашиот дом?

Орхидејата е едно од најубавите цвеќиња кои го красат домот, но исто така и најнежното.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-01.jpg

Со тоа, многумина се соочуваат со потешкотии при одгледувањето и ретко кој успева да ја одржи.

Сепак, доколку ги знаете сите „тајни“, не би требало да биде толку голем предизвик и нема зошто да го одбегнувате ова цвеќе.

Просечната должина на цветање е околу 3 месеци, а цвета 2-3 пати годишно, па нема причина да се плашите ако ливчињата одеднаш паднат.

Орхидејата сака светлина, но не реагира добро на претерана влажност, иако ѝ е потребна.

Целосен водич за одгледување на орхидеи:

Наводнување

Во периодот додека цвета, орхидејата се наводнува по малку, двапати неделно, а во периодот на мирување, само еднаш неделно.

Помеѓу двете наводнувања за време на цветањето, земјата треба да се исуши.

Орхидејата се наводнува со отстоена водоа, и тоа се полеваат само стеблото и коренот, во никој случај цветовите.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-08.jpg

Цветовите може од време – навреме нежно да се бришат со мека, памучка ткаенина, потопена во млака вода.

Орхидејата се наводнува така што се полни саксијата речиси до врвот со вода и се остава 10-ина минути, а потоа исцедете ја саксијата, така кората на дрвцето ќе остане влажна и од таа влага ќе се храни орхидејата.

Доколку сте ја пресадиле, не ја наводнувајте веднаш, туку почекајте да поминат десетина дена.

За полесно да ја пратите влажноста, гледајте го коренот – ако е изразено зелен, тогаш е доволно хидриран и навлажнет. Доколку посиви, веднаш потопете го со вода.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-02.jpg

Пресадување

Прво, новата саксија наполнете ја со специјални гранули до половина, а потоа извадете ја орхидејата од старата саксија и нежно протресете го супстратот околу неа така што ќе останат само корените. Доколку забележите дека коренот е сув, исечете го.

Потоа пренесете ја орхидејата во новата саксија и додадете околу неа уште од гранулатот така што ќе го распоредите добро околу неа и кореност.

Препорачливо е саксијата да биде проѕирна за да може да ја следите бојата на коренот, а потоа таа саксија може да ја ставите во некоја декоративна.

Вистинско време за пресадување на орхидејата е кога ќе забележите дека коренот ја заземал целата саксија или почнал да излегува надвор од неа.

Најповолен период за тоа е помеѓу мај и јуни, но нема да погрешите ако ја пресадите и во рана есен, кога орхидејата не цвета.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-03.jpg

Светлина

Во лето, кога сонцето е посилно, важно е да го заштитите цвеќето со помош на завеси за да не оди директно во него.

Доколку знаете точно каков вид на орхидеја имате, тогаш следете ги следниве инструкции во врска со чување на прозорец:

Прозор на северна страна: Miltonia, Odontoglosum, Papiopedilum, Stanhopea, Aerides i Bulbophylum;

Прозор на јужна или западна страна: Dendrobium, Epidendrum, Lycaste, Odontioda, Cymbidium i Brassia;

Прозор на источна страна: Phalaenopsis, најчестиот вид на орхидеја.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-04.jpg

Дополнителни совети:

Орхидејата сака светлина и влажност во воздухот, па затоа одлично место за чување е кујната покрај прозор.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-05.jpg

Но, ако ја чувате на друго место, не заборавајте да го навлажнувате воздухот околу цвеќето, така што ќе ставате садови со вода покрај нив.

Исто така внимавајте на разликите во температура, а не заборавајте да користите и додатоци за потхранување.

Ако сакате орхидејата што побрзо да процвета, а сакате да бидете сигурни дека не сте ставиле премногу вода, може да ставате неколку коцки лед во саксијата.

vodich-za-odgleduvanje-na-najnezhniot-cvet-kako-orhidejata-da-cveta-i-vo-vashiot-dom-06.jpg

И секако, не се разочарувајте ако не успеете од првпат - орхидејата бара многу нега, внимание и знаење. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава