Најчести грешки кои несвесно ги правите при готвење

Сите имаме некоја финта со која постигнуваме подобар вкус на храната, поефикасно чистење на кујнските елементи или пак, прва помош при кулинарска незгода.

Greshki-koi-nesvesno-gi-pravime-pri-gotvenje-2.jpg

Сепак, колку и да не ви се чини дека е тоа така, некои од тие финти што се толку користени при нашите готвачки мајстории, всушност се сосема погрешни.

Тестенините треба да се варат во многу вода

Всушност, нема потреба од тоа, доволно е да бидат покриени 2-3 сантиметри. Во случај тестенината да упива премногу вода или пак пребрзо да испари, додавајте помали количини, но внимавајте додадената вода исто така да е топла, за да не го прекине процесот на варење.

Greshki-koi-nesvesno-gi-pravime-pri-gotvenje-3.jpg

Солта го забрзува вриењето

Кога правите некој специјалитет со тестенини или пак домашна супа, инстинктивно ви доаѓа да додадете сол во водата пред да зоврие, мислејќи дека ќе послужи како катализатор за побрзо вриење.

Најдобро е да додадете сол во првите моменти од зовривањето, па по една минута да ставите тоа што планирате да зготвите во зовриената вода.

Greshki-koi-nesvesno-gi-pravime-pri-gotvenje-4.jpg

Алкохолот целосно испарува во тек на готвењето

Дел од алкохолот испарува веднаш, но има дел што ќе остане дури и по час до два од додавањето во храната. Затоа, доколку готвите за деца, најдобро е да го прескокнете додавањето вино или пиво во специјалитетот.

Greshki-koi-nesvesno-gi-pravime-pri-gotvenje-5.jpg

Микробрановата печка е штетна

Поборниците за здрава исхрана цврсто стојат на ставот дека микробрановата е штетна за вашето здравје, но тоа не е во целост точно. Овој апарат ви овозможува термичка обработка за кратко време.

На пример, кога динстувате зеленчук во микробранова, задржувате повеќе хранливи материи, отколку кога тоа го правите класично, на рингла од шпорет.

Greshki-koi-nesvesno-gi-pravime-pri-gotvenje-6.jpg

Ако се изгорите, нанесете облога од мраз

Златно правило: Врз изгореница никогаш не ставајте мраз, туку држете го изгореното место под млаз ладна вода од чешма. Потоа, добро исушете и замотајте го местото со завој, за да се спречи оштетување на кожата.

Добра алтернатива е секогаш и бабиниот совет – изгореното место да го премачкате со масло за јадење. Понатаму интервенирајте со креми или гелови соодветни за ваква ситуација.

Greshki-koi-nesvesno-gi-pravime-pri-gotvenje-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава