Како велигденските јајца да ви траат до следниот Велигден?

Минавте часови и часови во правење на вашето уметничко дело, а тоа има рок на траење само неколку дена? Постои решение за тоа!

kako-veligdenskite-jajca-da-vi-traat-do-sledniot-veligden-01.jpg

Украсувањето на јајцата е прекрасно, но уметничкото дело кое ќе го создадете има многу краток рок.

Сепак, ако сте навистина горди на вашите способности за бојадисување јајца и сакате вашето дело да потрае до следниот Велигден, па и неколку години, тогаш постои совршен трик за вас.

Пред бојадисувањето прво треба да го испразните јајцето, така тоа во текот на времето нема да се расипе и да мириса непријатно доколку дојде до пукање, како што се случува понекогаш.

Како оди целата процедура:

1. Со игла за шиење направете мала дупка на врвот и дното од јајцето. Користете нежни потези за да не ја уништите целата лушпа.

kako-veligdenskite-jajca-da-vi-traat-do-sledniot-veligden-02.jpg

2. Јајцетo ставете го над еден сад. Усните допрете ги врз горната дупка и дувајте во неа за од дупката на дното на јајцето да истече содржината во садот. Ако се плашите од салмонела или други бактерии од сировото јајце, можете истото да го сторите со цевка. Содржината искористете ја за да си направите омлет или некоја торта.

3. Со топла вода измијте ја лушпата на јајцето. Исплакнете убаво и однадвор и однатре, па оставете да се исуши убаво. Потоа, украсете ја лушпата со саканата техника и бои.

kako-veligdenskite-jajca-da-vi-traat-do-sledniot-veligden-03.jpg

4. Не заборавајте дека лушпата е многу тенка. Бидете внимателни при украсувањето.

5. Нанижете на конец. Ако направите повеќе јајца на овој начин можете дури да ги нанижете на конец така што низ дупките од јајцето ќе минете со игла и конец. Можете да ги закачите на вашето велигденско дрвце.

kako-veligdenskite-jajca-da-vi-traat-do-sledniot-veligden-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Помалку очигледни грешки со микробранова печка кои можат да бидат и опасни Ако одмрзнувате месо, мора да бидете особено внимателни и да следите одредени че...

Најчитани неделава