Време за пролетна „генералка“ - како да го светнете домот во 10 лесни чекори?

Светнете ги фугите во бањата

Ништо не зборува валкан тоалет или бања како просторот меѓу плочките. Ова е ноќна мора особено доколку тие се бели. Најчесто пожолтуваат или поцрнуваат, бидејќи се собира мувла меѓу нив.

Одберете средство против мувла кое во својот состав содржи и белило, како и антибактериски својства. Напрскајте и оставете да делува според упатството.

Еве еден мал трик како да го исчистите успешно овој дел од бањата без да се преморите – користете стара електрична четка за заби. Едноставно вклучете ја и поминете низ нив, ќе бидат како нови.

Vreme-za-proletna-generalka (6).jpg

Отстранете ги пајажините од ќошињата

Понекогаш премногу долго ја игнорираме ситуацијата во аглите на домот. Таму скоро секогаш се собира многу прав и пајажини, а во изговорите на нечистење спаѓаат и оние дека пајаците носат пари, па не треба се бркаат.

Сепак треба да ги отстраните, а најлесната алатка за таа цел е оваа на фотката, со подолга рачка за полесно чистење на ќошињата.

Vreme-za-proletna-generalka (5).jpg

Светнете ги кујнските елементи

Многумина паѓаат во истата замка – ќе ја исчистат целата кујна, ќе ги пребришат сите работи во неа, ќе го светнат подот, а забораваат на висечките ормари и долните кујнски елементи.

Тоа нека биде последниот дел од чистењето на кујната – светнувањето на самите елементи. Користете чиста микрофибер крпа која добро ќе собира прав, наместо само да ја разнесува истата.

Vreme-za-proletna-generalka (3).jpg

Исчистете ги лустерите

Качете се на скала или нешто повисоко и со сунѓер и топла вода отстранете ја правта која се насобрала на лустерите. Истото важи и за рамките на сликите, аспираторот во кујна, најчесто ги забораваме токму овие работи во домот кои најмногу привлекуваат прашина.

Vreme-za-proletna-generalka (2).jpg

Светнете ги прозорците

Да, најдосадната работа, но и онаа која најлесно се забележува кога се валкани/чисти.

Најбрзиот начин на чистење прозорци: започнете со најобичен сунѓер и млака вода да го соберете најголемиот дел од нечистотијата. Продолжете со влажни марамчиња за пофините делови, жлебовите околу прозорците.

На крајот, завршете со средство за стакло кое содржи алкохол во својот состав за побрзо сушење и специјални крпи за стакло.

Vreme-za-proletna-generalka (8).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава