Трикови со кои фармерките подолго ќе останат сочувани како нови


Трикови со кои фармерките подолго ќе останат сочувани како нови

Фармерките важат за едно од најудобните парчиња облека, па токму затоа ги носиме речиси секојдневно.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-onaka-kako-shto-posakuvate-01.jpg

Но, честото носење, многу побрзо ги уништува, па добро е да знаете како долго да ви останат зачувани, или пак како целосно да го промените моделот.

Во продолжение погледнете неколку трикови за фармерките секогаш да бидат идеални.

Сигурно ќе ви затребаат неколку од нив:

Отстранете ја миризбата

Нормално е фармерките да апсорбираат влага и непријатни мириси, а од нив може да се ослободите така што ќе ги ставите во кеса за замрзнување и ќе оставите да преноќат во замрзнувач.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-02.jpg

Спречете пуштање боја при перење

Измешајте еднаква количина на вода и сол и исперете ги фармерките со тоа, така што ќе бидете сигурни дека фармерките нема да пуштат сина боја.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-03.jpg

Пролонгирајте го векот на омилените фармерки

Со честото перење, фармерките почнуваат да го губат новиот сјај и изглед, а за да го спречите тоа, треба да ги испеглате веднаш по вадењето од машина.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-04.jpg

Спречете гужвање на фармерките

Започнете го процесот на сушење на максимален режим за топло. Пареата која се создава од мократа облека и високата топлина ќе ги отстрани гужваните делови.

Имајте на ум дека во машината за сушење може да додадете и неколку коцки мраз.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-05.jpg

Стеснете ги фармерките дома

За ефективно теснење во домашни услови, исперете ги фармерките во врела вода и потоа веднаш исушете ги со најтоплите препарати за брзо сушење.

Повторете го ова неколкупати и фармерките ќе се стеснат како што посакувате.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-06.jpg

Ефект на искинати фармерки

Наместо да купувате нови, или да ги носите старите на шнајдер за да го постигнете ефектот на искинати фармерки, направете го тоа сами, дома.

Ставете парче дрво или нешто тврдо во внатрешноста за да не се исече и задниот дел и со помош на ножици, скалпер или ренде, направете посакувана дупка.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-07.jpg

Ефект на избледено

Не мора да купувате ниту нови избледени фармерки, едноставно можете сами да си ги направите такви.

Наполнете канта со лимонов сок и вода и потопете ги фармерките. Оставете ги неколку часа, но повремено проверувајте ги.

Кога ќе го постигнат посакуваниот избледен ефект, исплакнете ги и оставете да се исушат на сонце.

trikovi-za-vashite-farmerki-da-izgledaat-sovrsheno-dolgo-vreme-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови кои ќе ве спасат во различни ситуации, а сè што ви е потребно ... Најголем дел од нас, се научени да ги користат предметите само за нивната примар...
5 фатални грешки кои повеќето ги прават при перењето патики Перењето на патиките во машина некогаш е идеално, бидејќи ги чисти совршено, без...
Лесни трикови за чистење со кои рерната ќе сјае Чистењето на рерната е една од најздодевните, но и најнапорните домаќински работ...