8 работи во домаќинството кои е доволно да ги чистите еднаш годишно
Чистењето на домот навистина одзема време и енергија, па треба внимателно да процените на што треба да посветувате внимание, а каде можете да си ја олесните работата.

Просечен жител на нашата планета минува 15 месеци од животот во чистење, а во семејство со 4 членови во текот на една година се мијат во просек 5 тона чинии.
Ако почнавте со уште една генералка во домот, треба да знаете дека одредени работи е доволно да ги исчистите само еднаш во 365 дена.
Работи во домаќинството кои е доволно да ги чистите еднаш годишно:
Фиока со прибор за јадење - бидејќи приборот се става сув, тука нема плодна почва за развој на бактерии

Завеси - одвреме навреме поминувајте ги со правосмукалката поради правот на нив, но доволно е да ги перете само на пролет

Машина за перење - таа е чиста и доволно е чистење еднаш годишно, а во меѓувреме оставете го отворен капакот за да се проветри и повремено чистете го филтерот

Лустери - површински бришете ги, но еднаш годишно треба комплетно да ги отворите и исчистете од правот што влегол во нив

Мебел во градината - пластичните маси и столчиња минете ги со влажна крпа со средство, но дрвото добро исполирајте го

Гарнитура - еднаш годишно потребно ѝ е добро чистење со правосмукалката и со средство, сепак внимавајте да не ја оштетите

Прозорци - постојано ги бришете прозорците однатре, но еднаш годишно мора и однадвор

Тепих - исперете ги теписите со квалитетен детергент

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома)
За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно
Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...