Како да го исчистите еден од највалканите уреди во домот?

Можеби сè уште е рано, односно јуни штотуку започна, но со него и жештините, а сите зависиме од нашиот омилен куќен апарат во ова време, клима уредот.

Kako-da-go-iscistite-eden-od-najvalkanite-uredi-vo-domot-01.jpg

Штом ќе почнат летните горештини, сите сакаме само да се затвориме дома и да одмараме со вклучен клима уред. Меѓутоа клима уредот не треба да го заборавиме и во оние месеци кога не го користиме и да му возвратиме за она што ни го пружа во овој период од годината. Односно, треба да го исчистиме.

Во месеците кога не се користи, во клима уредот може да се наталожи голем слој на прашина, па дури и мувла. Така, со првото негово вклучување се случува целата таа наталожена нечистотија да ја разнесете низ воздухот дома и да ја вдишеме.

Дополнително, кога филтерот е толку многу нечист, тој не дозволува да влезе ниту доволна количина на ладен воздух низ него.

Еве неколку совети како да ги спречите овие негативни појави:

1. Пред да започнете со чистење, најпрво исклучете го клима уредот од струја.

2. Отворете ја предната плоча и поминете ги со правосмукалка филтрите со помош на мека четка за да не се разлета нечистотијата насекаде.

3. Проверете дали можеби се насобрала вода, односно кондензат од температурните разлики додека се користел клима уредот. Оваа застојана вода може да биде извор на разни болести, меѓу кои и Легионерска болест (или легионелоза). Исчистете ја водата и доколку е можно погрижете се да не се собира повеќе или чистете ја редовно.

4. Извадете ги исчистените филтри со правосмукалка и измијте ги со раствор од млака вода и детергент за да се растопат мрснотиите од нив и да се исчистат сите ситни дупчиња, како би го подобриле протокот на студен воздух. Откако добро ќе се исушат, вратете ги на своето место.

Тоа е доволно за да се осигурате дека ќе имате чист ладен воздух ова лето.

Доколку некој од вас користи обичен вентилатор, тоа не значи дека вие не треба да правите ништо. Пред користење исчистете ги перките на вентилаторот со влажна крпа, бидејќи пластиката на перките привлекува честички прашина коишто се лепат на неа во текот на целата година.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...

Најчитани неделава