10 начини како успешно да го исчистите домот и предметите со паста за заби

Пастата за заби е сестрана алатка којашто може да ве спаси од многу проблеми во домаќинството. Наместо да купувате десетици различни средства за чистење, инвестирајте во неколку пасти за заби.

10-nacini-kako-uspesno-da-go-iscistite-domot-i-predmetite-so-pasta-za-zabi-01.jpg

Ќе се изненадите од нивните користен бенефит, бидејќи дефинитивно пастата не е наменета само за нега и грижа на забите.

Што сè може да исчистите со неа?

Отстранете ги гребнатините од кожните обувки

Пастата за заби брзо и ефикасно ги отстранува гребнатините од кожните обувки. Ставете мала количина паста за заби на мека крпа и истријте ја површината на обувките. Потоа отстранете ги остатоците со влажна крпа.

Исчистете ги клавишите на клавирот

Ако клавишите на вашиот клавир станале жолти, исчистете ги со четка и паста за заби. Остатоците избришете ги со влажна крпа. Ова чистење е особено ефикасно за белите клавиши, коишто се изработени од слонова коска.

Чистење на бели чевли и патики

Доколку вашите патики постепено стануваат сиви или гумата веќе не им е бела, стиснете малку паста за заби на четка и истријте ги патиките.

Исчистете метал

Дури и металот со висок квалитет знае да стане нечист после некое време. Настанатиот талог на површината на металот можете лесно да го отстраните со паста за заби и без оштетување на апаратите за домаќинство.

Стиснете малку паста за заби на ладната површина на металот, истријте со крпа, а потоа измијте со вода и оставете да се исуши.

Полирање на сребро и злато

За да блеска вашиот накит како денот кога сте го купиле, земете стара четкичка за заби, стиснете паста за заби на неа и исчистете го накитот.

Отстранете го мирисот од садовите

Детските садови често пати имаат тврдоглав мирис на млеко, од којшто можете да се ослободите на следниот начин: Ставете малку паста за заби и добро втријте ја во ѕидовите на садот. Потоа, исперете го со вода.

Исчистете ја бањата

Доколку немате при рака специјални средства за чистење, може да ви послужи и пастата за заби. Пастата за заби ќе ѝ даде блескав сјај на вашата бања. Исто така со неа можете да ги исчистите и лавабото и кадата. Освен тоа, кога чистите со паста за заби, добивате бонус отстранување на непријатниот мирис од одводот.

Отстранете ги детските цртежи од ѕидовите

Доколку вашето дете нацртало нешто на ѕидот во налет на креативност, отстранете го ова „уметничко дело“ со помош на паста за заби и крпа. Пастата за заби исто така добро ги отстранува трагите од мастило од пенкало.

Отстранете ги дамките од кармин

Стиснете паста за заби на дамката и тријте енергично со крпа. Потоа исплакнете со вода.

Отстранете траги од вода од дрвениот мебел

Доволно е да ставите мокра чаша или шолја на дрвена маса и ќе остане неубава трага од водата. За да ги отстраните овие траги, потребна ви е мека крпа и паста за заби.

*Бонус совет: Пастата за заби е неопходна алатка не само во домот, туку и како козметички производ, покрај чистење на заби, таа добро ги суши акните и го намалува црвенилото. Сепак, оние со осетлива кожа треба да бидат внимателни, бидејќи пастата за заби може да им предизвика иритација.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава