Предмети од домот на кои не им обрнуваме внимание, а се вистинска оаза на бактерии

Кога чистиме дома, обрнуваме внимание на многу површини и агли, трудејќи се нашиот дом да биде беспрекорно чист.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-poveke.jpg

Но, очекувано, на некои предмети забораваме, а всушност тие се реална закана по нашето здравје. Можеби и мислите дека некои предмети нема потреба редовно да се чистат, но од нив демнат зарази, бактерии, прашина и мувла.

Особено внимавајте на следниве предмети:

Завесата во бањата

Доколку имате мушаместа завеса над кадата или туш-кабината, треба редовно да ја перете во раствор со средство за дезинфекција и против мувла или пак со оцет и сода бикарбона.

Поради постојаната влага, на долниот дел лесно се создаваат мувли, кои испуштаат спори, кои пак, преку водата лесно се лепат за вашето тело, а можете и да ги вдишете.

Покрај на завесата, обрнете внимание и на силиконските фуги кои ја спојуваат кадата или туш-кабината со ѕидовите. И тие се идеално место за создавање мувла.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-02.jpg

Далечински управувачи

Било да е од телевизорот или клима-уредот, далечинскиот управувач често го допираме со нечисти раце. За да ги дезинфицирате, доволно е да пребришете со влажно марамче или со памук натопен во алкохол.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-04.jpg

Чантата која ја носите секој ден

Ја оставате насекаде, па дури и на под, ја допирате со валкани раце, ви ја придржуваат пријателките, ја закачувате на закачалката или кваката во јавните тоалети... Најмалку еднаш неделно испразнете ја, исфрлете ги непотребните сметки и пребришете со марамче за дезинфекција.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-06.jpg

Четките за шминка

Најпаметно е еднаш неделно да ги исперете со благ шампон. На нив лесно се размножуваат бактерии, бидејќи шминката и остатоците од клетките од вашата кожа создаваат идеални услови за тоа.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-07.jpg

Градник

Иако ви изгледа дека во најголем дел од времето е чист, всушност треба да го перете после три до четири дена постојано носење. За да ја зачувате еластичноста, перете го во специјална мрежичка за перење градници.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-05.jpg

Тастатурата на компјутерот

Тастатурата е вистинска депонија на честички од изумрена кожа, остатоци од храна и прашина. Доволни се само медицински алкохол или влажни марамчиња за дезинфекција, за да можете да ја исчистите.

Еднаш неделно пребришете ги и екранот и маусот од компјутерот.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-03.jpg

Прекинувачи за струја и кваки на вратите

Ова се делови од домот на кои лесно се заборава, а кои најчесто се идеални за врз нив да се нафати слој од нечистотија. Со оглед на тоа што често ги допирате со раце, а ретко ги миете рацете после тоа, еднаш неделно дезинфицирајте ги и овие површини.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-09.jpg

Корпите за ѓубре

Било да е корпата во тоалетот или кујната, потрудете се барем еднаш до двапати месечно да ги дезинфицирате со соодветно средство за дезинфекција и со врела вода.

Можете дури и да прскате со алкохол по секое празнење на ѓубрето.

predmeti-od-domot-na-koi-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-se-vistinska-oaza-na-bakterii-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 грешки што (сите) ги правиме кога го чистиме домот Ставате премногу детергент, користите памучни наместо микрофибер крпи - кои се н...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg