Зошто пластичната фолија за храна треба да ја чуваме во замрзнувачот?

Веројатно не постои домаќинство во кое не може да најдете пластична фолија, која се покажува најкорисна за покривањето на остатоците од храната. Но, кога доаѓа моментот за нејзиното поставување над садот, тогаш ги губиме сите нерви поради нејзината лепливост.

Zosto-plasticnata-folija-za-hrana-treba-da-ja-cuvame-vo-zamrznuvacot-01.jpg

Сепак, постои начин како да го решите овој проблем. Со овој едноставен трик ќе ја „скротите“ проѕирната фолија.

Што треба да направите? Наместо во фиоката во кујната, чувајте ја фолијата во замрзнувачот. Ниската температура ќе го намали електрицитетот на фолијата и таа нема повеќе да биде леплива.

Кога ќе ја извадите од замрзнувачот ќе можете лесно да ја замотате храната, а по кратко време таа повторно ќе стане доволно леплива да се прилепи на садот без да се одмота.

Доколку се брзате, доволно е да ја ставите фолијата 15 минути во замрзнувачот пред да ја употребите со цел да ја намалите нејзината лепливост. Но, колку подолго ја чувате во замрзнувачот–толку подобро.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава