Фенг шуи ароми за благосостојба во домот

Не е доволно само да го исчистите домот и да го уредите според принципите на фенг-шуи, туку треба да посветите внимание и на мирисите.

feng-shui-aromi-za-blagosostojba-vo-domot-01.jpg

Според ова учење, за да привлечете благосостојба во сите делови од животот, треба домот да го освежите и со одредени ароми.

Тоа можете да го постигнете со мирисливи свеќи или со етерични масла и освежувачи за воздух.

На пример, мирисот на портокал создава атмосфера на среќа и задоволство, додека мирисот на бор привлекува пари и финансиска заштита.

Камфорот ја „брка“ негативната енегија, а цитрусните мириси од лимонот и лиметата воспоставуваат контрола над емотивната и менталната стабилност.

feng-shui-aromi-za-blagosostojba-vo-domot-02.jpg

Мирисот на лаванда носи мир, а аромата на шумското овошје ќе привлече лојални пријатели во вашиот дом.

Оние кои сакаат да пронајдат вистинска и искрена љубов, треба да го освежат домот со мириси на цветови, особено орхидеја или рози, а мирисот на ванила ја чува среќата во семејството.

Дали и вие би пробале да ги практикувате овие фенг-шуи совети за благосостојба во домот?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
7 предмети во домот што можете да ги исчистите со храна Дезинфицирајте ја даската за сечење со лимон и исчистете ја скарата на жар со кр...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава