Предмети во домот кои заборавате да ги исчистите, а не би смееле


Предмети во домот кои заборавате да ги исчистите, а не би смееле

Одредени предмети во вашиот дом бараат редовно чистење. Но, сѐ се чини дека некако тие детали често ги заобиколувавме.

predmeti-vo-domot-koi-zaboravate-da-gi-ischistite-a-ne-bi-smeele-01.jpg

Во продолжение прочитајте зошто е важно редовно да ги чистите ролетните, кваките, кантата за ѓубре, рамките за слики, далечинскиот управувач...

Но, исто така прочитајте и како можете да ги исчистите.

Прекинувачи и кваки

Кога влегувате во вашиот дом, прво што допирате е кваката, а потоа и прекинувачот за да запалите светло, како и кога излегувате од вашиот дом. Поради тоа, многу е важно редовно да ги чистите овие детали – најмногу затоа што станува збор за места кои се идеално складиште за многубројни бактерии.

Одвојте пет минути од денот и пребришете ги овие проблематични места само со влажно марамче.

Завеси за туш

Изгледа дека е поедноставно да купите нова отколку да ја сочувате старата завеса за туш. Но сепак, доколку малку се потрудите нема да имате потреба да трошите пари залудно. Завесите за туш можете да ги исперете во машина за алишта на температура од 30 степени.

Сепак, доколку не сте сигурни дали ќе го „преживее“ перењето (поради квалитетот) можете да ја исчистите со сунѓер и средство за чистење, а потоа да ја исперете во вода со растворена сода бикарбона.

Ролетни

Прашината постојано се наталожува врз ролетните. Најбрз и најлесен начин да ја тргнете нечистотијата и маснотијата е доколку растворите оцет во вода.

Со подготвеното средство напрскајте врз ролетните. За да ви биде уште поедноставно, навлечете на раката една стара чорапа и со неа поминете преку валканите делови.

predmeti-vo-domot-koi-zaboravate-da-gi-ischistite-a-ne-bi-smeele-02.jpg

Канта за ѓубре

Непријатниот мирис се чувствува и по исфрлањето на ѓубрето? Не чудете се, затоа што остатоците од фрлената храна претставуваат одличен мамец за разни бактерии. Поради тоа, неопходно e кантата за ѓубре редовно да ја чистите.

За дезинфекција, ставете неколку коцки мраз, а потоа додајте и оцет. Сите заедно оставете ги да отстојат додека мразот не се истопи, а потоа исперете ја кантата под млаз вода.

По чистењето, можете да се погрижите за миризбата. Ако имате мирисливо средство за чистење, напрскајте го дното и оставете го така да отстои околу 15 минути. Исперете ја под млаз вода и избришете ја кантата со тоалетна хартија или со обична крпа.

Машините за перење алишта и садови

Иако можеби ви делува нелогично, сепак машината за перење алишта, како и онаа за садови, бара редовно чистење. Остатоците од храна, особено влакната од облеката, остануваат во деловите од машината и тие се таложат заедно со сапуницата и камчињата.

Наједноставен начин на чистење е доколку растворите оцет и го помешате со сода бикарбона во размер 4:1. Смесата сипете ја во делот наменет за прашок и на крај вклучете ја машината на најјака температура.

predmeti-vo-domot-koi-zaboravate-da-gi-ischistite-a-ne-bi-smeele-04.jpg

Држачи за четките за заби

Знаеме дека никогаш не би миеле заби со валкана четка, но таа лесно може да собере нечистотија која се таложи во садот каде што инаку ја држите – ако редовно не ја чистите.

Иако „на око“ ви делува дека вашата четка е чиста, сепак доколку со недели седи во неиспран сад, голема е можноста на неа да се наоѓаат бактерии кои можат да бидат мошне опасни.

Сѐ што е потребно е држачот или садот да го исперете под млаз топла вода. Потоа можете да го пребришете со крпа на која претходно сте ставиле растворена сода бикарбона.

Далечинскиот управувач, тастатурата, мобилниот телефон...

Овие предмети секојдневно ги допирате, а претставуваат сериозно складиште за прашина, нечистотија и бактерии – и тоа повеќе од оние бактерии кои се наоѓаат во тоалетната школка.

Нив можете редовно да ги чистите користејќи антибактериски средства или едноставно поминувајте ги со влажни марамчиња.

Рамки за слики

Задолжително не ја прескокнувајте рамката за слики која ја украсува полицата во вашата дневна или спална соба. Важно е редовно да ги чистите рамките за слики затоа што тие претставуваат идеален дом за прашината.

Не е ништо комплицирано, едноставно пребришете ги најпрво со сува крпа, а потоа и со влажна.

predmeti-vo-domot-koi-zaboravate-da-gi-ischistite-a-ne-bi-smeele-05.jpg

M. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот за кои залудно верувате дека треба поретко да ги чис... Можеби некогаш ви е тешко да поверувате дека бактериите се наоѓаат насекаде окол...
Како трошите повеќе вода, која ве чини многу пари? Водата за пиење веќе станува скапоценост во многу делови од светот, но ние луѓет...
Што најпрво забележуваат луѓето во неуредните домови? Некогаш не можете да гледате како не е сè под конец кај вас дома, а некогаш пак,...