Голема грешка поради која крпите и бањарките ја губат својата впивачка моќ

Инвестиравте доста пари во квалитетни крпи за во бањата и бањарки, но по некое време забележавте дека веќе не впиваат како претходно...

golema-greshka-poradi-koja-krpite-i-banjarkite-ja-gubat-svojata-vpivachka-mokj-01.jpg

Сигурно на секого му се има случено крпата за туширање само да размачкува, но не и да ја впива водата. Тоа не значи дека треба да ја фрлите крпата, туку да се запрашате дали погрешно ги перете?

Најголемата грешка е користењето омекнувач за ткаенини кога се перат фротирни крпи. Тој содржи силиконско масло кое лесно навлегува во материјалот и ја ограничува неговата впивачка моќ. Неговото хемиско име е полидиметилсилоксан и поради него чувствувате како крпите да ви се мрсни и лизгави.

golema-greshka-poradi-koja-krpite-i-banjarkite-ja-gubat-svojata-vpivachka-mokj-02.jpg

Како да го решите проблемот?

Доколку сакате да користите омекнувач, обидете се да најдете таков кој не ја содржи оваа хемиска состојка. Очекувајте дека може да биде и поскап од стандардните производи.

Но, постои и поевтина варијанта, па дури и за додавање пријатен мирис. Наместо омекнувач, во преградата додадете бел оцет и перете ги крпите и бањарките вообичаено, според упатствата на етикетата.

Оцетот омекнува, го намалува електрицитетот и ги освежува алиштата. Ако сакате да добијат и пријатен мирис, постои трик и за тоа. На мала крпа капнете пет капки етерично масло со мирис по ваш избор и ставете го да се испере заедно со крпите, бањарките, па дури и фротирните прекривачи кои ги користиме во пролет и лето. Испраните крпи ќе добијат суптилен и траен мирис.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава