Идеални мириси за секоја соба во вашиот дом

Различните мириси во секоја соба во станот или куќата го трансформираат домот од обичен до интересен. 

Idealni mirisi za sekoja soba vo vasiot dom 01

Кој мирис треба да користите во вашите соби?

Влез / ходник

За влезот или ходникот се препорачува свеж, цветен мирис. Овие мириси треба да ги пречекаат домаќините и гостите кога ќе влегуваат во домот. Во исто време, овие мириси се убави но не можат да се толерираат долго време, затоа ходникот (влезот) е идеално место за нив, бидејќи не поминувате многу време таму.

Дневна соба

Цитрусни мириси со ноти на грејп и коријандер, или генерално овошни мириси со акцент на мандарина се идеални за дневната соба. Овие мириси едноставно блескаат, ја прават собата посветла и удобна и предизвикуваат добро расположение.

Idealni mirisi za sekoja soba vo vasiot dom 02

Кујна

Според експертите за мириси, зачинети, гурмански мириси се одличен избор за кујната. Можете да користите мирис на: рузмарин, бибер, тиква, ванила, цимет и каранфилче.

Бања

Изберете мирис со кој навистина ќе го изненадите вашето семејство и гостите. Користете сензуален, цветен мирис кој ќе остави силен впечаток.

Спална соба

Во спалната соба ви се потребни мириси кои релаксираат: лаванда, мирис на свежо мелена трева, јасмин, валеријана...

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава