Правила за одржување на чист дом за оние кои живеат во постојан неред


Правила за одржување на чист дом за оние кои живеат во постојан неред

Сите сакаат да уживаат во средена околина, но постојат луѓе кои се премногу мрзеливи за да се потрудат да го постигнат тоа.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-01.jpg

Додека некои не можат да го поднесат нередот и преземаат нешто околу тоа, други очајно сакаат да се ослободат од него, но не знаат како.

Оние кои не успеваат да го одржат домот без неред време е да научат неколку трикови со кои секогаш ќе им биде средено, без да прават генералки.

Како домот секогаш да ви биде среден:

1. На сите работи најдете им соодветно место и секогаш враќајте ги на место по употреба.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-02.jpg

2. Горната површина на висечките елементи покријте ги со фолија за да не се собира прашина и нечистотија на нив, а фолијата редовно менувајте ја.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-03.jpg

3. Кога чистите не ги оставајте средствата насекаде, ставете ги сите потребни додатоци во една кофа и одете со нив низ домот. Потоа вратете ги сите заедно на место.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-04.jpg

4. Наместо да правите генералки заради хаосот, користете ги слободните минути да забришете некоја површина, да ги измиете садовите од ручекот или да поминете со џогер.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-05.jpg

5. Користете антистатички средства на екраните и бришете ги со марамче – така ќе се собира многу помалку прашина.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-06.jpg

6. Ослободувајте се од 20 непотребни работи месечно (од весници до облека, независно што е).

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-07.jpg

7. Секој член во семејството нека има своја кутија каде ќе ги става работите кои секојдневно ги користи (клучеви, паричник и слично), а не мора да стојат расфрлани насекаде.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-08.jpg

8. Паметно складирајте ги работите и наместо да зафаќаат непотребен простор, наоѓајте им и друга намена.

pravila-za-odrzhuvanje-na-chist-dom-za-onie-koi-zhiveat-vo-postojan-nered-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ги оставате чевлите низ домот и да шетате на... Сосема е вообичаено кога ќе си дојдете дома од некаде, барем во ходникот да влез...
Што најпрво забележуваат луѓето во неуредните домови? Некогаш не можете да гледате како не е сè под конец кај вас дома, а некогаш пак,...
10 работи кои не треба да се најдат во домот на добра домаќинка Домот на жената, уредувањето и организацијата го отсликува и нејзиниот карактер....