22 работи на кои непотребно фрламе пари во животот


22 работи на кои непотребно фрламе пари во животот

Мислиме дека животот ни е толку динамичен и сложен, што ни се потребни многу работи со цел да ни го олеснат. На крајот излегува дека сите овие работи дополнително ни го компликуваат животот и ни го олеснуваат паричникот. А да не го забораваме и проблемот наречен складирање на купените работи.

22-raboti-na-koi-nepotrebno-frlame-pari-01.jpg

Ова е листа од 22 работи на кои непотребно трошиме пари и време:

Членство во теретана. Најчесто одиме 1-3 пати во месецот, чувствувајќи се виновно зошто имаме уплатено, а ретко одиме да вежбаме во затворен простор. А зошто би, кога имаме планина, кеј, велосипед, достапни вежби на интернет и нозе за трчање и пешачење бесплатно?

Камера. Кој уште купува камери денес, освен ако не е професионален филмаџија? Речиси секој нов паметен телефон располага со одлична камера за фотки и видеа.

Мултивитамини. Особено оние „шумливите“, односно растворливите во вода. Најчесто содржат мал процент од она што вистински ни е потребно како дневна доза. Подобро консултирајте се со лекар кој ќе ви нагласи кој витамин ви е точно потребен, наместо да консумирате 10 мултивитамини во мали дози од кои немате потреба.

Венчаница. Зошто да трошите пари на скап фустан кој ќе го облечете еднаш во животот? Изнајмете или позајмете од некого.

Флаширана вода. Ова е можеби најголемата заблуда на 21 век. Освен тони залудно потрошена пластика, водата е најчесто иста како онаа од чешма. Доколку сте загрижени дека водата од чешма е со лош квалитет подобро би ви било да инвестирате во филтер за прочистување со подолготрајна употреба.

Фиксен телефон. Бидејќи кој уште го употребува ова чудо? Претплатата може да се искористи за нешто многу попаметно.

Специјална облека за тренинг. А што ѝ фали на обичната бела маица, тренерки и хеланки за вежбање? Резултатите секако не зависат од скапата опрема за тренинг.

Играчки. Што повеќе играчки, толку понесреќни деца. Играчките ја убиваат детската фантазија. Ограничете се на 3-5, не на соба преполна играчки од кои не може да се стапне.

Производи за детоксикација. Освен црниот дроб и бубрезите, други работи не ви се потребни. Чаеви, измислени производи, лепенки… непотребно си ги фрлате парите, сè што ви е потребно е вода и здрави органи.

Омекнувач за алишта. Ќе бидете поздрави и ќе заштедите многу пари доколку овој производ го замените со сода бикарбона.

GPS уред. Секој паметен телефон има GPS и еден куп добри апликации за да стигнете од точката А до точката Б, така што издвоен уред нема потреба да купувате.

Играчки и облека за домашните миленици. Ова им значи само на сопствениците, на миленичињата им е сосема сеедно дали ќе имаат специјална играчка која бипка и трепка или ќе ги облечете во некаква специјална облека. Напротив, најчесто им пречат ваквите работи на нивното тело.

Списанија. Денес речиси секое списание има свое онлајн издание. Зошто би купувале непотребна хартија?

ЦД и ДВД уред. Времето на овие производи им е одамна поминато и се целосно исклучени од употреба.

Специјално тавче за пица. Бидејќи пицата е подеднакво добра и во обична тавче, треба само да знаете да ја направите.

Пластични сламки за пијалаци. Освен што се погубни за животната средина, навистина се непотребно трошење пари. Купете си од нерѓосувачки челик и користете ги со години.

Кучиња и мачиња со педигре. Доколку навистина ги сакате животните, ова нема да ви биде воопшто важно.

Специјален уред за пуканки. А што му фали на обичното тенџере, масло и сол?

Сувенири и магнети за фрижидер. Оптоварување и за вас кои ги купувате и за оние што го добиваат.

Фритеза. Премногу потрошено масло, нездраво и неекономично. Доколку сепак не можете да им одолеете на пржените компирчиња, обична длабока решетка за во тенџере ќе ви ја заврши истата работа.

Специјална канта за чување нечисти пелени. Ја вадите, ја пакувате во најобична ќеса и ја фрлате во ѓубре. Дополнителни филозофии не ви се потребни.

Книги со рецепти. Зошто? Сè што ви е потребно може да се најде на интернет во електронско издание. Не фрлајте беспотребно пари.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои може да ги перете во машина, без да се уништат Машината за перење облека може да ни помогне за перење на многу други работи, иа...
12 работи во домот кои научно докажано ве прават среќни Фотографија од детството или подарок од сакана личност се предмети со сентимента...
9 работи кои никогаш не треба да ги ставате во машина за садови Кога ќе се насоберат садови, никој нема желба да ги мие, па најлесно е да се ста...