Како вашиот костим за капење да изгледа како нов и по неколку сезони?

Костимот за капење често е изложен на екстремни услови – сонце, хлор, сол и пот, па неретко се уништува многу брзо. За да го зачувате костимот за капење подолго, потребно е правилно да се грижите за него. 

 6-trikovi-so-koi-vashiot-kostim-za-kapenje-dolgo-kje-izgleda-kako-nov02.jpg

Вo продолжение погледнете неколку трикови што ќе ви помогнат во тоа.

Исперете го костимот пред првото носење

Пред прв пат да го употребите костимот, не заборавајте да го исперете рачно. Од една страна поради хигиената, а од друга бидејќи кај текстилните производи настануваат отровни хемикалии кои предизвикуваат алергија.

Облечете го костимот откако ќе ја нанесете кремата за сончање

Се разбира, во лето не би требало да се откажете од кремата за сончање, но истото не важи за вашето бикини. Имено, мрсните креми можат да остават дамки на костимите за капење.

Поради ова, најдобро е да се намачкате 30 минути пред сончање и да ја оставете кремата добро да се впие. Дури потоа облечете го костимот. Доколку го извалкате костимот со крема за сончање, исчистете го со малку течен детергент или шампон.

 6-trikovi-so-koi-vashiot-kostim-za-kapenje-dolgo-kje-izgleda-kako-nov-01.jpg

Брзо отстранување дамки

Кој не би сакал сладолед или порција овошна салата на плажа? Но доволно е еден момент на невнимателност за да го извалкате костимот со храна. Во овој случај треба да бидете брзи.

Додека дамката е сè уште влажна, исчистете ја со помош на хартија или памук, а потоа темелно исперете го костимот. Доколку дамката е веќе исушена, немојте да се обидувате да ја отстранувате.

На овој начин само ќе ја оштетите ткаенината костимот. Подобро оставете го костимот 24 часа во вода со детергент, а потоа исперете го. Доколку дамката не исчезне и по неколку перења, ви останува уште професионалното чистење.

Никогаш не перете го во машина за алишта

Без разлика колку е валкан вашиот костим, немојте да го перете во перална, бидејќи тоа е најдобриот начин да го уништите. Најмногу ќе страдаат гумите по рабовите кои држат сè на место, а можно е да се намали и еластичноста на костимот.

 6-trikovi-so-koi-vashiot-kostim-za-kapenje-dolgo-kje-izgleda-kako-nov-03.jpg

Исперете го костимот после капење

Хлорот, солената вода и песокот се штетни за вашето бикини. Поради тоа, после секое капење исперете го костимот со обична вода за да ги отстранете остатоците од хлор или сол. После четири дена користење, темелно исперете го костимот според неговото упатство.

Секогаш користете детергент или благ шампон и топла, а не врела вода. Оставете го костимот најмалку 15 минути во водата и немојте да го цедите со рачно стискање и вртење. На овој начин костимот ќе го изгуби својот облик.

Не сушете го костимот на сонце

И кај сушењето треба да обрнете внимание на неколку работи. Мокрото бикини не треба да ги закачите директно на сонце за да се исуши. Имено, токму поради ова може да ја изгуби бојата.

Доколку го закачите мокриот костим на жица, може да ја изгуби еластичноста. Исто така немојте да го сушите во сушална или на топлина.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава