Смирува при убод од пчели и уште 4 неочекувани употреби на кромидот

Кромидот не е само вкусен, тој е, исто така, многу корисен и за други намени, покрај во готвењето. 

smiruva-pri-ubod-od-pcheli-i-ushte-4-neochekuvani-upotrebi-na-kromidot-01.jpg

Покрај тоа што е одличен додаток во исхраната, може да се користи и на многу поефикасни начини.

Ова се 5 неверојатни употреби на кромид за кои веројатно не сте знаеле:

1. Го елиминира мирисот на бојата за ѕидови 

Новата боја во вашата спална соба изгледа одлично, но поради мирисот не можете да заспиете цела ноќ. Што да правите?

Ставете пресечен кромид во сад, една половина треба да ставите на една страна од собата, а друга половина на друга страна од собата. Кромидот ќе го неутрализира мирисот на бојата во рок од неколку часа.

smiruva-pri-ubod-od-pcheli-i-ushte-4-neochekuvani-upotrebi-na-kromidot-002.jpg

2. Го смирува убодот на пчелите

Доколку сте имале непријатна средба со пчела, земете едно парче кромид и ставете го врз каснатото место. Ова ќе ја ублажи болката.

Овој трик, всушност, не помага при убоди, помага само при болка, па ако сте алергични на пчели или други убоди од инсекти, веднаш побарајте медицинска помош.

smiruva-pri-ubod-od-pcheli-i-ushte-4-neochekuvani-upotrebi-na-kromidot-003.jpg

3. Ја ублажува болката предизвикана од изгореници

Кромидот не е само добар за убоди од пчели, исто така е одличен за ублажување на изгореници. Сок од свеж кромид е совршен балсам за свежи изгореници, а помага и при спречување на формирање на плускавци.

4. Го спречува замрзнувањето на прозорците на автомобилот

Верувале или не, кромидот може да спречи појава на мраз на автомобилските стакла. Шеќерот, кој се наоѓа во сокот од кромидот, ќе создаде бариера помеѓу вашиот автомобил и кондензација на вода во воздухот.

5. Отстранува ’рѓа од ножеви

Заборавете на силни хемикалии. Нурнете го вашиот ’рѓосан нож во еден голем кромид, три или четири пати (или повеќе пати ако е многу‘ рѓосан) и ’рѓата ќе исчезне.

smiruva-pri-ubod-od-pcheli-i-ushte-4-neochekuvani-upotrebi-na-kromidot-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава