Направете сами: Спреј за природна заштита од комарци

Колку и да не ни се допаѓа, комарците во лето се неизбежни. Иако денес можете да најдете секакви спрејови и продукти против овие здодевни инсекти, тие неретко содржат многу штетни хемикалии. 

 napravete-sami-sprej-za-prirodna-zashtita-od-komarci-01.jpg

Па доколку сакате поприродна варијанта, пробајте го овој генијален рецепт за спреј против комарци.

Ќе ви биде потребно многу малку време, а најважното од сè е што навистина функционира.

Состојки:

  • 30 капки есенцијално масло од чајно дрво
  • 10 капки есенцијално масло од здравец
  • 5 до 10 капки есенцијално масло од лимон, лимонова трева, рузмарин или лаванда
  • 1 лажица растителен глицерин (по желба)
  • Дестилирана вода
  • Шише со распрскувач (најмногу 2 децилитри)

 napravete-sami-sprej-za-prirodna-zashtita-od-komarci-02.jpg

Начин на подготовка:

Исчистете го шишето со распрскувач со врела вода и во него додајте ги есенцијалните масла. Додајте го и глицеринот и наполнете го шишето со вода речиси до врвот.

Затворете го шишето и добро промешајте пред употреба. Спрејот можете да го нанесувате секогаш кога има потреба.

napravete-sami-sprej-za-prirodna-zashtita-od-komarci-03.jpg

Дополнителни совети

1. Наместо есенцијално масо од здравец, можете да употребите масло од еукалиптус.

2. Глицеринот ја негува и штити кожата од надразнување, но доколку не го сакате, нема потреба да го додавате во спрејот.

napravete-sami-sprej-za-prirodna-zashtita-od-komarci-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...

Најчитани неделава