Што да правите кога облеката ви мириса лошо дури и после перење?

Иако квалитетниот прашок и добриот омекнувач се важни за вашата облека да мириса убаво, одвреме-навреме треба да ја исчистите пералната од овие продукти.

sho-da-pravite-ako-oblekata-vi-mirisa-losho-duri-i-posle-perenje-01.jpg

Доколу сакате облека со свеж мирис, важно е да одберете квалитетен прашок и омекнувач што го задржува мирисот. Но што кога вашата облека мириса непријатно, дури и после перењето? Во тој случај можеби е време да размислите за вашите грешки, но и да ја исчистите пералната.

Имено, доколку ја исперете облеката навечер, а ја закачите дури следното утро, свежината од детергентите ќе „исчезне“. Доколку немате избор и морате да перете на овој начин, оставете ја барем вратата од пералната отворена. На овој начин вишокот влага ќе испари и нема да предизвика непријатен мирис.

sho-da-pravite-ako-oblekata-vi-mirisa-losho-duri-i-posle-perenje-02.jpg

Исто важно е и чистењето на пералната – потребно е темелно да ја исчистите барем 2-3 пати годишно. За ова можете да употребите обичен оцет.

Измешајте две шолји оцет со две шолји вода. Во смесата натопете крпа и со неа исчистете ја внатрешноста на пералната. Добро исчистете ја и вратата и сите места каде што може да се задржи дел од прашокот или омекнувачот.

sho-da-pravite-ako-oblekata-vi-mirisa-losho-duri-i-posle-perenje-04.jpg

Потоа измешајте 1/4 шолја сода бикарбона со исто количество вода. Ставете ја смесата во садот за детергент на пералната и пуштете ја да испери на висока температура.

Кога ќе заврши циклусот на перење, исплакнете го садот за детергент со топла вода. Потоа во него ставете половина шолја оцет и повторно пуштете ја пералната.

sho-da-pravite-ako-oblekata-vi-mirisa-losho-duri-i-posle-perenje-05.jpg

За да ја задржите чистотата на пералната што е можно подолго, бришете ја нејзината внатрешност со сува крпа после секое перење. Исто така оставајте ја вратата од пералната отворена за да може добро да се исуши.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...

Најчитани неделава