8 домашни обврски кои „чекаат“ на вас по враќањето од одмор

Сончевите денови, песочните плажи и синото море се навистина одлични, но, за жал, кога-тогаш ќе треба да се вратите дома. А откако ќе се вратите, важно е да направите некои работи во домот пред да можете да се опуштите. 

8-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-01.jpg

Погледнете за кои станува збор:

Отворете ги прозорците

Бидејќи неколку денови вашиот дом бил празен, важно е да ги проветрeте сите простории. Кога не проветрувате, домот станува простор исполнет со секакви микроби. Па веднаш откако ќе стигнете, ширум отворете ги сите прозорци.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-02.jpg

Навадете ги растенијата

Доколку сте биле отсутни подолго време, на вашите растенија им е потребна вода. Со вашиот прст проверете дали нивната почва е влажна. Доколку не е, навадете ги.

Само бидете внимателни – немојте да им ставате премногу вода мислејќи дека така ќе надополните за деновите кога сте биле отсутни.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-03.jpg

Распакувајте се

Немојте да чекате неколку денови за да го направите ова. Можеби и вие, како и повеќето од нас, се распакувате со денови, но ова е најлошото нешто што можете да го направите откако ќе се вратите од одмор.

Кога вашите работи нема да бидат на нивното место, ќе се чувствувате фрустрирано, а домот само ќе биде неуреден.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-04.jpg

Исперете ја облеката

И овој чекор е навистина важен. Најверојатно целата облека од вашиот одмор е за перење, па исперете ја што е можно побрзо. Доколку ова ви е најздодевната активност, направете ја прво неа за подоцна да бидете слободни.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-05.jpg

Сменете ја постелнината

Доколку не сте го направиле ова пред да тргнете, задолжително сменете ја постелнината откако ќе се вратите. Навистина ќе се чувствувате подобро кога ќе легнете на чист чаршаф.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-06.jpg

Исчистете го фрижидерот

Најверојатно не сте оставиле премногу работи во фрижидерот пред да заминете, па сега е совршено време за да го исчистите. Фрлете сè што е со поминат рок и темелно исчистете ја внатрешноста.

Можете да го направите ова со сода бикарбона и топла вода, или со оцет разреден со вода.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-07.jpg

Купете намирници

Бидејќи веројатно во домот имате многу малку храна, сега е време да излезете и да купите што ви е потребно за претстојната недела. А со чист фрижидер, многу полесно ќе ги распоредите намирниците.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-08.jpg

Одвојте време за релаксација

Иако можеби само што сте се вратиле од одмор, целата оваа работа ќе ви одземе многу енергија. Па, откако ќе завршите со обврските, препуштете ѝ се на некоја активност што ви причинува задоволство.

Вашиот одмор е завршен и веројатно наскоро ќе се вратите на работа, па паметно искористете го преостанатото слободно време.

8-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-vo-domot-otkako-kje-se-vratite-od-odmor-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи во домот кои заборавате да ги исчистите, а оставаат лош впечаток Масата, комодата, работната површина во кујна и подот не се единствените работи ...
8 трикови со кои ќе си го олесните готвењето (и ќе заштедите пари) Ако ви останат многу свежи зачини што не можете да ги искористите пред да се рас...
9 работи на кои е подобро да не штедите, за да не се каете Паметните луѓе точно знаат на што треба да го потрошат својот буџет и на што не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg