Одговори на некои од најчестите прашања за растенијата во домот

Доколку сте почетници во одгледувањето растенија во домот, нормално е некои нешта да не ви бидат јасни.

odgovori-na-nekoi-od-najchestite-prashanja-za-rastenijata-vo-domot-01.jpg

Без разлика дали сте загрижени за изгледот на растението, неговата местоположба или што било друго, во продолжение можете да ги најдете одговорите на некои од најчестите прашања во врска со ова.

Зошто растенијата се навалени на еднаta страна и како да ги исправите?

Постојат неколку причини зошто растението е навалено на едната страна:

1. Растението се навалува кон сонцето, односно изворот на светлина. Во овој случај, ротирајте го растението на секои неколку недели, така што ќе биде осветлено од сите страни.

2. Корените на растението се слаби. Во овој случај најдоброто решение е да го пресадите растението. Овој пат обидете се да го посадите подлабоко.

3. Недостатокот од светлина може да го искриви растението. Доколку ова е причината, можете да го исправите растението со какво било стапче.

Што значи кога листовите на растението се жолти?

Жолтите листови се знак дека му ставате премногу вода на растението. Тие покажуваат дека корените се „задушуваат“ и дека треба да ѝ дозволите на почвата да се исуши. За да го решите овој проблем, исечете ги жолтите лисја и вадете го растението поретко.

odgovori-na-nekoi-od-najchestite-prashanja-za-rastenijata-vo-domot-02.jpg

Дали пеењето или пуштањето музика им помага на растенијата?

Некои истражувања покажале дека звучните бранови од музиката создаваат вибрации што го стимулираат растењето. Па, слободно пуштете им ја омилената песна на вашите растенија.

Колку често се вадат малите сукуленти?

Наместо да правите распоред, подобро е да ја следите состојбата на сукулентот. Доколку на растението се појават „брчки“ или, пак, почвата почнува да се одделува од саксијата, тогаш е време за вадење. Доколку не сте сигурни, подобро е да не го вадите растението – сукулентите полесно се справуваат со недостаток од вода наместо со премногу.

odgovori-na-nekoi-od-najchestite-prashanja-za-rastenijata-vo-domot-03.jpg

Кога е најдобриот дел од денот за вадење?

Во зима најдобро е да ги вадите растенијата наутро. Во лето, кога температурите се високи, вадете ги растенијата навечер.

Дали можете да ги поставите растенијата во близина на клима уредот?

Изгледа дека клима уредите можат навистина да им наштетат на растенијата. Студениот сув воздух може да ги исуши врвовите на лисјата, па подобро е да ги ставите растенијата на друго место.

odgovori-na-nekoi-od-najchestite-prashanja-za-rastenijata-vo-domot-04.jpg

Кога треба да го пресадите растението?

Доколку ги забележите овие 3 знаци, најдобро е да го пресадите растението:

1. Иако го вадите растението, два дена подоцна е суво и бара уште вода.

2. Растението не покажува знаци на растење во пролет или лето.

3. Растението има нови листови, но се деформирани.

odgovori-na-nekoi-od-najchestite-prashanja-za-rastenijata-vo-domot-05.jpg

Кои растенија бараат најмалку грижа?

Доколку сте почетници, нормално е да сакате да чувате растение кое не бара голема одговорност. Доколку имате светол дом, можете да посадите кактуси и сукуленти. Доколку нема доволно светлина во домот, најдобро е да одгледувате златен ползавец, филодендрон, сансевиерија, антуриум или шефлера.

Кои се знаците дека растението има доволно вода?

Доколку листовите на растението се мазни и исправени, тогаш има доволно вода. Добро проверувајте секој пат пред да ги вадите за да не им ставите премногу вода.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Што се сребрени рипчиња и како ефикасно да се ослободите од овие инсекти во домот? Сребрените рипчиња се непријатни, но чести жители на нашите домови. Тие не се ни...
8 грешки што (сите) ги правиме кога го чистиме домот Ставате премногу детергент, користите памучни наместо микрофибер крпи - кои се н...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg