Трикови со облека кои секоја жена треба да ги знае

Понекогаш на сите ни се потребни трикови кои ќе нè спасат во последен момент кога облеката ќе откаже послушност.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-01.jpg

Како силиконските потпунки да не ви се гледаат преку маица, како панталоните да не ви паѓаат и уште многу други трикови собрани на едно место.

Девојки, сигурно некој од овие трикови ќе ви затреба во одреден момент:

- Ако маицата или фустанот е отворен од страните, подобро ставете ги силиконските потпунки вертикално, доколку облеката е тесна – ќе стојат и така.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-02.jpg

- Ако фармерките се прешироки кај половината, сошијте парче ластик во делот кај коланот на задната страна.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-03.jpg

- Елегантните и свечени лакирани штикли кои ќе ги купите за посебна пригода, ако не сакате да ви стојат еднаш облечени, може да ги претворите во секојдневни така што ќе ви стават ткаенина.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-04.jpg

- Ако не можете да откопчате заглавен патент, поминете го со сапун и откопчувањето ќе оди полесно.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-05.jpg

- За полесно закачување на маичките по прерамки, користете кружна закачалка – ќе заштедите простор, а маиците ќе бидат спремни за носење во секое време.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-06.jpg

- Ако не можете да си најдете соодветен број на фармерки или сте се здебелиле, па сите ви се тесни, може да сошиете продолжено копче.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-07.jpg

- Ако ви здодее обичниот бел изглед на патиките или се извалкале, а не сакате да ги фрлите, може да ги покриете со парче чипка и лепило со четка – ќе бидат како нови.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-08.jpg

- Искористете пена за бричење на дамките пред да ја ставите облеката за перење.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-09.jpg

- Ако немате заштитна вреќа за облека на закачалка, а ви е потребна, можете привремено да се снајдете со голема навлака за перница – само направете отвор на горниот дел за закачалката да помине.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-10.jpg

- Ако сакате да го избегнете оцртувањето на интимниот дел преку панталони, исечете соодветно парче текстил и сошијте го од внатрешноста на гаќите или панталоните.

trikovi-so-obleka-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава